На јавната седница закажана за денеска Апелациониот суд ќе расправа за тоа дали прислушуваните разговори се доказ во постапката за случајот „Тендери“, во кој првообвинета е поранешната министерка Елизабета Канческа-Милевска, заедно со Лидија Лазарова Цветоковска и Јулијана Угриновска.
Во септември, советот кој го оценува обвинителниот акт, чиј претседател е судијата Ивица Стефановски, го прифатија предлогот на адвокатите на Елизабета Канческа-Милевска, бомбите кои не беа јавно објавени да не бидат доказ во постапката.
Апелација претходно одби да го преиначи решението на Основниот суд Скопје 1 и не им определи притвор на Канческа и Лазарова Цветковска.
За предметите „Насилство во Центар“ во кој првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски и „Триста“ во кој обвинет е поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, Апелација се изјасни дека бомбите може да бидат доказ во постапката, спротивно на решенијата на кривичниот суд.
Прислушуваните разговори се отфрлени како доказ во 4 предмети на СЈО: „Титаник“, „Тенк“, „Тифани“ и „Тревник“.