• Latest

Апокалипсата јава на сајбер-коњ

July 7, 2017

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Апокалипсата јава на сајбер-коњ

July 7, 2017 14:13
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Светот го потресоа сајбер-напади од кои настрадаа влади, институции, безбедносни системи и големи корпорации во последните неколку недели. Нападите врз неколку болници во Британија доведоа да крахирање на нивните системи и го оневозможија нормалното функционирање на здравствените установи. Стотици илјади луѓе беа погодени само од овој напад. Штетите се непроценливи, иднината на сајбер-просторот е неизвесна.

WannaCry нападот зафати повеќе од 150 земји и 230.000 компјутери. Нападот се состоеше во енкрипција на податоците на корисникот и бара платежна компензација за враќање на кодот, со кој корисникот добива можност да си ги поврати податоците. Се разбира, никој не го гарантира успешното враќање на податоците, иако откупот им е платен на сајбер-терористите! Овој напад беше извршен и врз оперативниот систем Windows.

Windows XP поддршката заврши на 8 aприл 2014 година. Ова е многу важен податок, бидејќи од тој ден, Microsoft веќе не објавува безбедносни пакети што го заштитуваат овој оперативен систем од напади и вируси како WannaCry. Сепак, по глобалниот напад на нивниот систем, тие веднаш пуштија во оптек вонреден пакет за безбедност на Windows. Но, ова е само „вакцина“ што не им помага на веќе заразените компјутери.

Светот беше повторно нападнат на 27 јуни. Нападот наречен Petya, прво започна да се шири низ Украина и Русија, но само за неколку дена ја зафати Европа, а потоа и целиот свет. Овој напад, исто како и претходниот, ги заклучува компјутерите, енкриптирајќи ги податоците и барајќи 300 долари во биткоин-форма да бидат префрлени на анонимна ТОР адреса (TOR – The Onion Router), интернет протокол со кој анонимно влегувате на Dark Web.

Еден од најголемите причинители за ширењето на овој напад е истиот начин на кој се прошири и вирусот WannaCry – неажурноста на компаниите. Одговорноста е врз нив, поради неимплементирање на софтверскиот безбедносен пакет што Microsoft вонредно го подготви по првиот напад.

За разлика од првиот напад, вирусот Petya во својот код нема никаков killswitch (прекинувач) со кој би можело да се спречи ширењето. Затоа, експертите веруваат дека многу потешко ќе биде закрепнувањето од овој напад отколку од минатиот. Во Македонија досега не се регистрирани поголеми штети и напади врз институции или фирми, но таа можност не е исклучена.

Претпоставки седека во Македонија, 90 % од институциите користат оперативен систем Windows и зависно од застареноста на техниката, се одредува генерацијата на оперативниот систем, односно, дали ќе биде Windows XP, 7, или 10.

Дознаваме дека институциите немаат централизирана заштита што ќе ги заштити компјутерите на сите вработени во институциите на државата, односно безбедноста зависи од самите институции и од нивните капацитети. Со други зборови, сензитивните податоци на институциите во нашата држава се оставени на милост и немилост на јавачите на сајбер-апокалипсата.

Во Државната болница во Скопје се користи Windows 7, кои, иако не се толку подложни на нападот како постарите генерации на Windows, сепак имаат фалинка што може ненамерно, без знаење на корисникот, да предизвика проширување на вирусот на сите компјутери со Windows 7.

ЦИВИЛ Медиа предупредува дека е многу важна информираноста на граѓанките и граѓаните во врска со овие напади, кои како што посочивме погоре, можат да предизвикаат огромни штети, како врз личните податоци, така и врз податоците со висока сензитивност.

Ермин Климента


Авторот е систем-администратор во ЦИВИЛ ‒ Центар за слобода

Tags: CybersecurityPetyaWannaCryWindows 7WIndows XPбезбедностИнтернет БезбедностМакедонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ