• Latest

(АРХИВИ) Длабоки корени: Советска Русија не го признавала македонскиот јазик

February 25, 2023

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

(АРХИВИ) Длабоки корени: Советска Русија не го признавала македонскиот јазик

February 25, 2023 10:43
in КОНТЕКСТ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Руската политика на негирање на македонскиот идентитет и јазик има длабоки корени. Од многуте примери за таа политика, може да се наведе и еден скандалозен чин од времето на Советскиот Сојуз, кој го открива Фејсбук страницата Сеир.

Во објавениот исечок од весникот под наслов „Советската делегација одби да потпише договор напишан на македонски јазик“ се откриваат детали за скандалот. Имено, советската и југословенската делегација на писатели имале тридневна средба на која воделе дискусии за соработка меѓу двата сојузи. На крајот, советската делегација не сакала да потпише договор за соработка на македонски јазик!

Во тоа време, претседател на југословенскиот сојуз на писатели бил Гане Тодоровски, па соодветно на праксата на оваа организација, договорот бил подготвен на македонски јазик. Претходно, договори со сојузите на писатели на Источна Германија и Романија биле потпишани на хрватски јазик, бидејќи во тој момент претседателот на југословенскиот сојуз доаѓал од Хрватска.

Но советската делегација по три дена детално планирање што сè ќе биде предмет на соработката меѓу двата сојузи, едноставно, одбива да го потпише договорот за соработка. Причината за тоа е – договорот бил на македонски јазик.

Југословенскиот сојуз на писатели тогаш излегува со соопштение за јавноста во кое се вели:

„Откако планот за соработка за идниот период е утврден во сите поединости, до потпишување на договорот, сепак, не дојде затоа што делегацијата на Сојузот на книжевници на СССР одби да го прифати веќе усвоеното начело текстот што го предлага југословенската страна да биде на јазикот на водачот на нејзината делегација, во случајов, на македонски јазик. Почитувајќи го тоа начело, неодамна договорите со сојузите на книжевниците на ДДР и СР Романија беа потпишани на хрватски јазик.“

Делегацијата, според написот, со жалење констатира дека одбивањето на Сојузот на книжевници на СССР да го прифати македонскиот јазик како службен во овој меѓудржавен договор, сигурно ќе има негативни последици врз понатамошната книжевна соработка меѓу двата сојузи.

Џ. Д.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ