Кристина Арнаудова, музичарка и хуманитарка, со своето учество во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ преку видео порака им порачува на граѓанките и граѓаните дека сите сме исти, дека воспитувањето доаѓа од дома, и дека најважно од се, е да се биде добар човек.
„Луѓето мислат дека се различни од другите. Кога ќе секцирате едно човечко тело, анатомијата ќе ви покаже дека внатрешно сме апсолутно исти. Многу ми е тешко што и во оваа 2021 година сè уште различностите толку многу се потенцираат. Наместо да одиме напред, ние некако се враќаме назад. Затоа мора да ги избришеме сите тие, бидејќи внатре во срцето сите ние најпрво сме луѓе“, истакна Арнаудова.
Биљана Јордановска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети