• Latest
Перо Арсовски, актер

Арсовски: Се чувствував како некој вид реткост, галениче, сакан и кога живеев во друга етно средина

July 23, 2021

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Арсовски: Се чувствував како некој вид реткост, галениче, сакан и кога живеев во друга етно средина

July 23, 2021 12:00
in МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Перо Арсовски, актер

Перо Арсовски, актер

Share on FacebookShare on Twitter

Перо Арсовски, еден од најдобрите македонски актери, со своето учество во иницијативата на ЦИВИЛ „Направи разлика: Почитувај ги различностите“ преку видео порака им порачува на граѓанките и граѓаните дека различностите се вистинско богатство на нашето мултикултурно општество.

„Различностите се огромно богатство на нашата земја. Како што знаеме, Македонија низ вековите претставувала крстопат на разни војски, на разни трговски патишта, но и ден-денес е тоа. Мислам дека е тоа огромно богатство затоа што со векови тие, дали имале среќа, дали биле толку мудри и паметни, успеале да го зачуваат она што е најдрагоцено, она што е нивни етникум, она што е нивна култура, јазик, обичаи. Секој етникум почитувајќи ги другите, успеал да остане свој и да биде дел од едно такво заедничко општество, во една таква хармонија. Постојат и други мислења. Се разбира дека тоа може да биде и проклетство на едно општество, но јас не се согласувам со тоа. Мислам дека секаков обид на мајоризацација или на воспоставување на некој, можеме да кажеме и вештачки ред на доминација на мнозинството, води во едно друго поле коешто мене не ми се допаѓа, кое никогаш и не водело во некоја светла иднина. Само почитувањето на различностите, само правење на една таква разлика може да создаде хармонична заедница каде што секоја поединец што ќе се чувствува слободен, каде што се почитуваат неговите права, може да го даде својот максимум и својот придонес во таа заедница.

Ако е јасно дека веќе се утврдени тие европски вредности, дека нашиот единствен пат кон подобар живот, кон иднината е членството во таа европска заедница, тогаш мораме да ги почитуваме истите вредности што ги почитува и таа европска заедница и на кои настојува. А тоа се истите вредности што ние сме успеале да ги зачуваме како еден простор наречен Македонија и сега држава Македонија. Тоа е единствениот пат затоа што со правење на една таква разлика, почитување на различностите на секоја една мала група, составен дел на таа држава, како што и Европа ги почитува сите различности на сите нејзини членки, држави, политичко уредување, јазик, култура, економија, така и ние мораме да ги почитуваме тие вредности затоа што тоа е гаранцијата на безбедноста на иднината на нашите деца и на нашите генерации.

Имам поминато шеснаесет години во сега веќе друга држава. Но тоа сепак беше еден друг јазичен, културен и етнички простор. Но можам да кажам дека на тој период се сеќавам како на можеби најубавиот период од мојот живот. Јас сум формиран како личност во тој град во Србија каде што беше татко ми на служба, но во ниеден момент не сум почувствувал дека некој сака да ми наметне своја волја, свое мислење. Дури и во таа една средина се чувствував како некој вид ред реткост, галениче. Често знаеја да ме замолат да кажам нешто на мојот мајчин јазик, да отпеам некоја македонска песна, да им покажам некои носии од мајка ми, да им раскажам некоја приказна што ми ја раскажувал дедо ми. Така што мислам дека тие вредности се всадени во мене лично и не гледам никаква друга солуција како да се живее посреќно, како да се живее похармонично. Тоа е единствениот начин да можеш да гледаш среќни луѓе околу себе, да можеш да соработуваш со нив, да разговараш, да се дружат вашите деца и да планирате некоја подобра и посветла вистина и заедништво.

ЦИВИЛ веќе на 20 години со својот проект „Направи разлика, почитувај ги различностите“ врши силно влијание и игра позитивна улога во расветлување на тоа дека не можеме да го бараме патот кон иднината и кон некакво среќно заедништво со тоа што ќе наметнеме некоја своја волја кон помалите групи, кон помалите народи или да воведуваме некаков ред којшто апсолутно нема никаква врска со нивните права, со нивните слободи, кон нивните национални белези, култури, јазик. Промовирајќи го тоа, човековите права и човековите слободи, ЦИВИЛ игра многу значајна улога во формирањето на мислењето и на правецот кон кој треба да се движиме како едно идно општество, како една членка на европската заедница.

Направете разлика, почитувајте ги различностите“, истакна Арсовски.

Перо Арсовски, видео порака како дел од Иницијативата „Направи разлика: Почитувај ги различностите“/ Фотографија Џ. Дерала, ЦИВИЛ

Перо Арсовски е еден од највпечатливите театарски и филмски актери, доајен на македонското актерство и на Македонскиот народен театар, а го нарекуваат и „жива легенда“, кој со богат опус на театарски изведби, со силни филмски улоги како и еден од најинтересните ликови во македонски тв серии, но и во филмската продукција во поранешна Југославија, Европа и низ Балканот.

Во неговиот творечки опус се остварени 52 претстави на сцената на МНТ, 15 на други сцени, 77 ликови во македонски филмови и ТВ сериии, филмови во некогашната југословенска продукција, во европските продукции и во повеќе држави на Балканот.

Биљана Јордановска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ