Со 22 говорнички и говорници во агендата и со пријавиени дополнителни десетина дискусии, конференцијата „Македонски перспективи: Како до Европа?“ ветува настан што ќе придонесе кон јавната дискусија на најважните теми за македонското општество. Организаторите од ЦИВИЛ и МЦМС очекуваат ова да биде дискусија заснована на факти и слободно изразени ставови, но и стратегии за македонската иднина воопшто.
Премиерот Зоран Заев, повеќе амбасадори на земји членки на ЕУ, партиски лидери, експерти и претставници на граѓанското општество ќе говорат за важни аспекти на македонските перспективи, искуствата, задачите, предизвиците и придобивките од интеграциите во ЕУ и НАТО, за спогодбата со Грција и потребата од градење добрососедство.
„Оваа конференција е во силен контраст со неаргументираните и неартикулираните јавни испади и инциденти на кои посведочивме во изминатиот период. Одлучивме да дадеме придонес кон процесите и да ги поддржиме стратешките одлуки кои треба да ги донесат храбри, модерни и мудри лидери. Но, улогата на граѓанките и граѓаните е пресудна и тие мора да бидат дел од процесот на носењето на тие одлуки. Затоа, важно е да бидеме информирани, а не манипулирани. Со оваа конференција им даваме предност на политичкиот дијалог и на дискусијата заснована на факти, наспроти насилството, говорот на омразата и лажните вести“ – изјави Џабир Дерала, ЦИВИЛ.
Конференцијата е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“ што ЦИВИЛ го спроведува со поддршка на Федералното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
На барање на читателите, ја објавуваме агендата на конференцијата. Линк за преземање ТУКА.
10:30 | Регистрација |
Македонски перспективи: Како до Европа? | |
11:00 | · Воведни излагања:
Претседател на Владата, Зоран Заев Н.Е. Томас Герберих, Амбасадор на Сојузна Република Германија Џабир Дерала, ЦИВИЛ Александар Кржаловски, МЦМС |
Прва сесија: Задачи, предизвици и придобивки од интеграциите во ЕУ и НАТО | |
11:45 | · Претставници на Владата:
Дане Талески · Претставници на меѓународната заедница: Н.Е. Данијела Баришиќ, Амбасадорка на Република Хрватска Н.Е. Милан Јазбек, Амбасадор на Република Словенија Н.Е. Ласло Дукс, Амбасадор на Унгарија Станимир Гиздев, Амбасада на Република Бугарија |
Втора Сесија: Како до македонската иднина? | |
12:30 | · Политички партии (поканети лидерите или нивни заменици):
Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ (одбива учество поради презафатеност) Али Ахмети, ДУИ (нема одговор) Арбен Таравари, Алијанса за Албанците (учеството е потврдено) Скендер Реџепи, Беса (учеството е потврдено) Соња Мираковска, НСДП (учеството е потврдено) Бардиљ Даути, ДПА (учеството е потврдено) · Граѓанско општество и експертска заедница: Марија Ристеска, ЦРПМ Дона Костуранова, МОФ Катерина Колозова, ИССХС Петруш Тоинес, Цивика Мобилитас / НИРАС Алберт Муслиу, АДИ Сашо Орданоски, Експертски борд на ЦИВИЛ |
Дискусија (пријавена дискусија трае макс. 2 мин.) | |
14:00 | Дружење |
Заинтересираните треба да го најават своето присуство на [email protected] или на тел. 02 / 520 91 76, најдоцна до 2 јули (понеделник), 16 часот. Обврската за пријавување не важи за медиумите, тие се добредојдени во секое време.