• Latest

Азески: За развој на државата комуникацијата меѓу приватниот сектор и институциите е клучно

January 30, 2023
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Азески: За развој на државата комуникацијата меѓу приватниот сектор и институциите е клучно

January 30, 2023 16:04
in ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески денеска, преку видео обраќање на владината конференција „Година на нови можности”, порача дека бизнисот е задоволен од формалната, но не и од суштинската соработка со Владата. Азески уште еднаш кажа дека за развој на државата комуникацијата меѓу приватниот сектор и институциите е клучно.

Време е, потенцира Азески, да престане лиферувањето значајни економски закони кои тешко се усвојуваат во Собранието поради неговата блокада и наместо тоа, да се донесат оние законски решенија кои стојат по владините фиоки десетина години, а се приоритет за функционирање на бизнисот.

„Соработката со Владата мора да претрпи трансформации во делот на почитувањето на нашите барања кои потекнуваат од реалниот сектор и безпоговорно тврдам дека се од интерес и на бизнисот и на државата“, истакна Азески.

Тој ги повтори барањата кои Комората ги изнесува подолго време.

„Бараме поголема подготвеност на јавниот сектор, на Владата, во однос на владеење на правото и на почитување на пазарните законитости, посебно на деловите кои се однеусваат на правосудниот систем зашто бизнис заедницата од тоа трпи определени последици. Бараме и зголемување на квoтите за увоз на работна сила. Нашиот став тука е идентичен со оној на Владата, треба да се зголемат квотите, но да се води сметка и за националните интереси, како и за интересите на бизнисот. Време е, исто така, да престане лиферувањето значајни економски закони кои тешко се усвојуваат во Собранието и тој период да се искористи за да се донесат закони кои стојат во владините фиоки две, три, пет па и десет години, како законот за холдинг, промената на членот 218 од Законот за извршување, законот за акционерските друштва, Иницијативата за промена на Одредбата за утврдување на највисоката плата и највисоката пензија во услови кога плаќаме максимални придонеси. Тоа се суштински закони и треба да добијат приоритет“, подвлече Азески.

Тој потсети и дека Комората ја донесе Декларацијата за економските политики и мерки која се совпаѓа, како што рече, со Националната стратегија за развој на Владата годинава. Притоа најави дека ќе се направат напори за успогласување на двата документа.

С.Т.

Tags: АзескивладаСтопанска комора
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ