„Едно е да зборуваме за влијанието на политиката во образованието, или исполитизирано општество, и нормално дека на ваков висок степен на исполитизирано општество какво што е нашето, сите актери истапуваат од вредносни позиции, а не од аргументирани“, изјави проф. д-р. Јасна Бачовска денеска на панелот на ЦИВИЛ „Деполитизација на училиштата“.
„Секако е дека и образованието е длабоко исполитизирано. Не зборувам дека во оној конструктивен аспект политичката волја и државата се длабоко заинтересирани, туку сите оние деструктивни процеси дека и образованието е веќе дефинирано како политика. На некој начин и јас доаѓам од образование, штета што нема тука претставници на основното и на средното образование, каде што мислам дека проблемот е многу голем.“, вели меѓу другото Бачовска.
Д. Тахири
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети