Американскиот претседател Џо Бајден го поздрави прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах, истакнувајќи ја потребата од траен мир во Газа и поширок договор за стабилност на Блискиот Исток, само два месеца пред крајот на неговиот мандат.
„Луѓето во Газа заслужуваат крај на насилството и раселувањето, исто како што луѓето во Либан заслужуваат безбедност и просперитет. Цивилите во Газа премногу долго страдаа“, изјави Бајден.
Бајден соопшти дека прекинот на огнот на Блискиот Исток, предвиден како трајно решение, во следните 60 дена нуди можност за историски договор за нормализација на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија, создавање на палестинска држава, и гаранции за безбедност и економски напредок поддржани од САД. Тој му се заблагодари и на француски претседател Емануел Макрон за неговото партнерство во мировните напори.
Бајден рече дека овој развој на ситуацијата „нѐ приближува до визијата за мир и просперитет низ Блискиот Исток“. Американскиот претседател во заминување изрази подготвеност за завршување на „историските договори“ и дека во текот на целиот мандат се залага за решение на блискоисточната криза.
Сепак, останува нејасно колку администрацијата претседателот во заминување се координира со тимот на новоизбраниот претседател, Доналд Трамп, во чиј мандат ќе биде обврската да ги спроведе плановите и договорите.
Подготви: Џ. Д.