• Latest

Барајќи ја правдата

June 28, 2018

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
Пожарникар бара поддршка од уште десет спасувачи, Њујорк, 11 септември 2001 (фото извор: Wikipedia)

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Барајќи ја правдата

June 28, 2018 14:35
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Настаните кои го обележаа денешниот ден се однесуваат пред сè на правдата и правосудството, кое е едно од реформските приоритети на Македонија на патот кон Европската Унија и НАТО, но и надежите за напредок и просперитет на земјата.

„Утре чекаме официјална најава од седиштето на НАТО во Брисел дека на Македонија ќе и биде доделена официјална покана на следниот Самит на Алијансата во Брисел на 11 и 12 јули“, изјави денеска Националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски на 98. РОС-РОТ Семинар што се одржува во македонското Собрание.

Како резултат на успешната кампања и поддршката за активно учество на граѓаните, ЦИВИЛ е дел од тродневниот Состанок на заедницата за граѓанска повелба на невладини организации и активисти од целиот свет, што ќе се одржи во Аруша, Танзанија од 26 до 29 јуни. ЦИВИЛ е една од првите 50 организации потписници на Граѓанската Повелба во светот, на конференцијата Глобални перспективи во Берлин 2016 година. Организацијата е светски пионер во заложбите за промовирање на Граѓанската Повелба.

Од останатите актуелни вести, Уставниот суд го поништи рефендрумот во Дојран. Одлуката за поништување на ланскиот референдум на кој дојранчани се изјаснија против отворање на рудник во Казандол и на територијата на општината, стои во број 117 на Службениот весник на Република Македонија, од 26 јуни. Граѓаните на Дојран гласаа против отворање на рудникот Казандол, но и други рудници на територијата на општината.

Градоначалникот на општина Пласница, Исмаил Јаоски од редовите на ДУИ, преку неговата фирма „Пуцко Петрол“ добил тендер од 944 милиони денари или над 15.349.593 евра, со кој, во наредните две години ќе го снабдува со нафта ЈСП Скопје.

Судечкиот совет со кој претседава судијката Џенета Бектовиќ на денешното рочиште за случајот „Трезор“ донесе решение на обвинетиот Горан Грујевски да му се суди во отсуство, со оглед дека Врховниот суд во Атина донел одлука против екстрадиција на обвинетиот и со истата е прекинат неговиот притвор и е пуштен на слобода. Во контекст на тоа Судот го зема во предвид и известувањето од СВР Скопје дека Грујевски не е достапен на органите на прогон.

Д.Муратов

Tags: МакедонијаНАТОправдасудење
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ