• Latest

Барањето на Чулев падна пред ДИК, судско-политички „новитети“ и отворање нов политички фронт во албанскиот политички кампус

January 14, 2020
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Барањето на Чулев падна пред ДИК, судско-политички „новитети“ и отворање нов политички фронт во албанскиот политички кампус

January 14, 2020 17:31
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Барањето за мислење од Државната изборна комисија од техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев во врска со несогласувањето Ристо Ставревски да се назначи за раководител на СВР Скопје, доби своја разрешница: ДИК не е надлежна да дава мислење. На денешната јавна седница од ДИК беа децидни дека освен што немаат ингеренции за ова прашање според Законот за Влада, самата одлука не е врзана со два потписи, на Чулев и на дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

Во меѓувреме, и „Монструм“ остана без поротници и се враќа, сепак само формално, на почеток. Од „новитетите“ во судството, судскиот процес за случајот „Монструм” продолжува на 3 февруари, со нови 50 сведоци според најавите на адвокатите на обвинетите. Монструм формално се враќа на почеток, поради поднесена оставка на еден судија – поротник и истек на мандат на друг судија – поротник.

Од денешното рочиште за петкратното убиство кај Смилковско Езеро, може да се издвои предлогот на обвинителите како дополнителни сведоци да се повикаат лидерот на СДСМ Зоран Заев, свиркачот Звонко Костовски, Зоран Трајковски (лице кое го има во доказите на СЈО) и поранешниот директор на БЈБ, Љупчо Тодоровски – Радник. Семејствата на оштетените како сведок го предложија и Синиша Алексовски,  долгогодишен соработник за безбедност на поранешниот претседателот Ѓорге Иванов.

„Новитети“ има и во случајот „ТНТ“, чие судење продолжува утре. На денешното рочиште повторно не се појави обвинетиот Тони Трајковски. Ова е второ непојавување на обвинетиот Тони Трајковски, откако поради немање уредна покана, тој и вчера не се појави на рочиштето.

По Законот за поништување на лустрација кој влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците, денеска на собраниска седница беше донесена одлука за повеќе законски решенија да се разгледаат по скратена постапка. Пратениците едногласно одлучија по скратена постапка да се донесе Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Собранието, Предлог законот за стратешки инвестиции, а не беа прифатени по скратена постапка да се разгледаат предлог законите за дополнување на Законот за заштита на културното наследство, и за изменување и дополнување на Законот за одбрана, двата поднесени од пратеници од опозицијата.

Да се вратиме на лустрацијата, пратеникот Влатко Ѓорчев се пофали на социјалните мрежи дека успешно бил спречен Законот со кој во времето на ВМРО – ДПМНЕ во период од 2008 до 2015 настрадаа токму критичарите на нивниот режим.

Конкретно за изборите, „ослободувањето од 18-годишното еднопартиско владеење на ДУИ“, како што рече д-р Арбен Таравари од Алијансата за Албанците, ќе биде помогнато од новоформирана коалиција во албанскиот блок. За коалицирање уште се преговара, но Алијанса за Албанците, БЕСА и Алтернатива, се на чекор пред рушење на ДУИ.

„Како можеме да зборуваме за напредок и промени кон добро кога 18 години живееме во еднопартиски систем, во кој корупцијата, пресметките, калкулирањата и реваншизмот биле главните „адути“ на располагање?“ – изјави Таравари.

Биљана Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ