• Latest
Добро утро со Орданоски

Бегство од слободата

April 17, 2019
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Бегство од слободата

April 17, 2019 07:28
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Т[/dropcap]рогателни се криците на опозицијата за недостаток на демократија во Македонија, под „чизмата на Заев“. Многу зборови потрошија на темите поврзани со слободата и правдата во земјата. Завршните настапи пред првиот изборен претседателски круг се преполни со жестоки тиради за тоа дека единствената надеж, единствениот спас пред дефинитивната и комплетна пропаст на македонскиот народ, е да се избере Силјановска Давкова за следен претседател на државата. Или тоа – или катаклизма за Македонецот, со библиски пропорции!

И, до тука, е во ред. На нашата опозиција ѝ доликува да го најавува крајот на светот, бидејќи најголемиот дел од нивните врвни функционери – почнувајќи од Мицкоски, па надолу – никогаш пред тоа и не биле во опозиција, не знаат како е да не си на власт, не можат сосема да се снајдат, им недостасуваат срдечните насмевки на апаратот на власта и уште посрдечните буџетски потенцијали на власта. Најтешко е човек да ги смени навиките, а долги единаесет години владеење го прави човека роб на таа ужасно убава навика.

Но, ако опозицијата мисли дека треба да ја критикува власта во секоја, а особено во изборна пригода, зошто нивната професорска кандидатка за претседател одбива да се појавува на телевизиски разговори каде што ја канат?! Не е ли смислата на критиката таа што пошироко да се чуе, дополнително кога имаш прилика да го раскажуваш своето партиско евангелие пред публика која не сече вени, неопходно, по тој „свет текст“? Оти, ако ви успее настапот пред такви гледачи, секоја „украдена“ душа од поддршката за противниците се брои двојно: ем тие ја загубиле, ем вие сте ја придобиле на своја страна – така резултатот е 2:0, во гости.

Сепак, професорката бега. А потоа озборува.

На пример, со колегите од 1ТВ со недели ја молиме, по сите средства за комунукација, да ни гостува на програмата, речиси по нејзин избор и на време и на домаќин со кого ќе разговара, а таа надмено, не нè удостојува дури ни со одговор на отворената покана.

Сега, еве, разбравме дека не се појавила ни на закажаното и нашироко најавувано интервју на ТВ Телма, иако претходно го потврдила своето учество…

Дали е замор во прашање? Или несигурност? Или е, сепак, проценка на нејзиниот штаб дека професорката потешко ќе се снајде пред камерите доколку ѝ се постават вистинските прашања?

Памтите каков беше Груевски – само на сигурно, со проверени прашања и со клинички „дезинфициран“ водител кому не смее да му се случи непредвидено прашање. Силјановска Давкова многу брзо ја напушти желбата и во односот кон медиумите да се разликува од формулата за тоа пропишана во „Зелената книга“ на груевизмот. Па, можела нешто да ископира и од Мицкоски кој не се плаши медиумски да се појави и пред своите најголеми критичари – што и како зборува потоа, е друга работа…

Како и да е, односот на професорката претставува еклатантно бегство од слободата. Тие што бегаат од неа, немаат право да се жалат по митинзи, а ни по други телевизиски емисии, дека некој им ја ускратува.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share462TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ