Белата куќа изрази загриженост поради можноста Иран да и испорача на Русија балистички ракети кои Москва би ги употребила во војната против Украина, објави АП.
Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби изјави дека Иран веќе и испорачува на Русија дронови, наведувани ракети и артилериска муниција.
Загрижени сме поради можноста Иран да размислува за снабдување на Русија со балистички ракети за употреба во Украина. За возврат, Русија му нуди на Техеран соработка во одбраната, вклучувајќи ракети, електроника и противвоздушна одбрана, истакна Кирби.
Тој нагласи дека Иран сака да купи авиони Су-35, хеликоптери и радари од Русија.
Г. Т.