Парадата на гордоста што се одржа вчера во Белград, под мотото „Гордост се луѓето“ помина без инциденти. ЛГБТ заедницата упати порака дека бара усвојување на два нови закони. Првиот е закон за истополови заедници, а вториот е Закон за родов идентитет.
Присутните истакнаа транспаренти „Љубовта победува“, „Ние сме важни“, „Хомофобијата е толку здоевна“ и упатија пораки против ископувањето литиум во Србија.
Во центарот на градот се собра и помала група граѓани кои се спротивставија на Парадата на гордоста, но полицијата успеа да ги раздвои учесниците на двата собира.