• Latest

Белоруските медиуми во стисокот на Лукашенко, Зеленски – плановите на Русија ќе пропаднат, Ковачевски бара поддршка од сите пратеници

August 26, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Белоруските медиуми во стисокот на Лукашенко, Зеленски – плановите на Русија ќе пропаднат, Ковачевски бара поддршка од сите пратеници

August 26, 2022 16:49
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Панел дискусија со ексклузивни гости на Цивил – „Зад димната завеса: Белоруските медиуми во стисокот на Лукашенко“

Цивил организираше панел дискусија на тема „Зад димната завеса: Белоруските медиуми во стисокот на Лукашенко“ со ексклузивно гостување на белоруските новинарки Ксенија Халубович и Алена Наскович, како и медиумскиот експерт д-р Волфганг Ресман од Германија.

Халубович и Наскович се согласни дека Лукашенко и Путин се заеднички непријател на демократијата. Белоруските новинари не се борат само за Белорусија, туку и за Украина, Слободата на Белорусија зависи од слободата на Украина.

Битно е да се каже вистината за сегашната состојба во Белорусија. Имаше ситуации кога сите бевме во опасност, ни влегуваа во домовите, ни ги претресуваа канцелариите. Не само новинарите, сите граѓани се во опасност ако кажат нешто лошо за белоруската Влада и претседателот Лукашенко, посочи претседателката на Здружението на независни новинари на Белорусија, Алена Наскович.

Претседателката на Здружението на независни новинари на Белорусија, Алена Наскович вели дека ситуацијата во Белорусија се влошува секој ден, а некои медиуми биле приморани да дислоцираат.

Има 25 белоруски новинари во затвор, многу други се казнети со ригорозни административни казни. Тешко е да се занимаваш со новинарство во Белорусија Опасно е да се каже локацијата на новинарите во егзил. Тие се координират преку главната канцеларија во Вилнус, некои новинари се сеуште во Белорусија, се трудиме да им помагаме на сите, најважна е нивната безбедност, посочи Наскович.

Новинарката Ксенија Халубович, која и самата работи во егзил во Украина, вели дека најголем број од белоруските независни новинари престојуваат и работат во соседните земји, Полска, Литванија, Украина. Иако знае дека би била покорисна доколку работи од Белоусија, враќањето назад во моментов не е опција, бидејќи веднаш ќе биде уапсена.

Тие што се останати, работат анонимно, документираат материјали, но не ги објавуваат со своите имиња. Кога започна војната (во Украина) состојбата стана уште потешка, можеа да ве уапсат само за коментар на Фејсбук, вели Халубович.

Каква е ситуацијата и кои се перспективите за демократијата и медиумските слободи во Белорусија? Како функционира пропагандната машинерија на Лукашенко? Која е улогата на меѓународната заедница? Тоа се прашањата на кои Цивил разговара со медиумскиот експерт д-р Волфганг Ресман од Германијана на панел дискусијата на тема „Зад димната завеса: Белоруските медиуми во стисокот на Лукашенко“

Мислам дека имаме репресија на демократското движење во Белорусија. На Путин му е потребен Лукашенко за да ја води војната во Украина. Во моментов сум оптимист бидејќи војската на Белорузија не зема учество во војната. Ако падне Украина, ќе падне и Белорусија. Ќе нема шанса за демократијата во Белорусија, ќе живееме со нова железна завеса, вели медиумскиот експерт д-р Волфганг Ресман од Германија во ексклузивното гостување на панел дискусија во организација на Цивил на тема „Зад димната завеса: Белоруските медиуми во стисокот на Лукашенко“ .

 

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ 

„Ако некој во Русија мисли дека ќе ја клекне Европа како целина или Украина или други поединечни земји оваа зима, ова е погрешна пресметка. Верувам дека Европа е доволно силна да ги исправи грешките од минатото, да стане независна од рускиот енергетски систем, од руската енергија и да не попушти пред уцените на енергетските терористи од Газпром“, изјави Зеленски.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Акциите на руските агресори предизвикаа целосно исклучување на нуклеарната централа Запарижја од електричната мрежа на Украина – прва во историјата на централата, објави Државниот нуклеарен регулаторен инспекторат на Украина на Телеграм.

„Според информациите обезбедени од Енергоатом, од 25.08.2022 година во 12:12 часот, како резултат на воени дејствија во близина на нуклеарната централа Запарижја, надземниот вод „Днипровска“ од 750 kV е исклучен“, се вели во извештајот.

*

Руските сили на 25 август убиле двајца цивили и раниле уште шестмина во регионот на Доњецк, изјави Павло Кириленко, шеф на регионалната воена управа на Доњецк на својот канал Телеграм.

„На 25 август Русите убија двајца цивили во регионот на Доњецк: во Сиверск и Зеленопилија. Уште шестмина беа повредени“, напиша тој.

.*

Воената офанзива на Русија во Украина е запрена поради лошите воени перформанси на Русија и жестокиот отпор на Украинците, соопшти Министерството за одбрана на Обединетото Кралство во последното ажурирање на разузнавањето објавено на Твитер.

„На 24 август 2022 година, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и рече на Шангајската организација за соработка дека Русија намерно го забавува темпото на својата воена кампања во Украина, водена од потребата да се намалат цивилните жртви. Ова е речиси сигурно намерна дезинформација. Офанзивата на Русија е запрена поради лошите руски воени перформанси и жестокиот украински отпор. Под наредба на Шојгу, силите кои дејствуваат во Украина постојано ги промашувале планираните оперативни временски рокови“, соопшти Министерството.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ Пратениците кои ги претставуваат граѓаните треба да бидат на висина на задачата и сите 120 да поддржат продолжување на патот на земјава кон полноправно зачленување во ЕУ, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со уставните измени.

ЕКОНОМИЈА Годинава, постигнат е договор за историски најголемо зголемување на откупната цена на грозјето од 30% рече на денешната прес конференција претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

БЕГАЛСКИ ПРАВА Центарот за право на бегалци и миграција при Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во партнерство со Претставништвото на УНХЦР во Северна Македонија и Меѓународниот институт за хуманитарно право во Санремо, оваа година организира трета летна школа за права на бегалци и миграција.

КРИУМЧАРЕЊЕ МИГРАНТИ Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот, на 25.08.2022 во 13.00 часот во село Ваксинце, општина Липково, го лишиле од слобода М.Б.(34) од Велес. Во возилото „крајслер“ со штипски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 16 лица мигранти од Сирија, од кои тројца малолетници, информираат од МВР.

ЗЕЛЕНИ “Не може генерално да се каже дали има или нема урбана култура, бидејќи некои негативни вредности може да претставуваат урбана култура. Под урбана култура можеме да подразбереме сите вредности, позитивни или негативни кои се негуваат во некое урбано општество. Најчесто, тоа подразбира населба од типот на град. Во однос на зелените вредности како се негуваат во нашето општество, сметам дека се многу загрозени и потценети.

РЕГИОН Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се надева на компромисно решение во преговорите со Приштина во наредните денови, но дека „за (регистрациските) таблички и за некои крупни прашања такво решение воопшто не може да се постигне“.

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ Истражувачите откриваат дека за време на пандемијата на коронавирусот, иако е забележана намалена економска активност, во атмосферата имало поголемо присуство на метан од кога било, пишува порталот Клима 101. Виновник за таквата состојба се емисиите на тој гас што доаѓаат од нафтените извори инсталирани во морето.

СЛОБОДНА ЗОНА

Од Плоштадот Македонија до Мајдан, Капитол Хил и до Советот на Европската Унија, широката поддршка за Украина покажа дека неиспровоцираните напади врз суверени и независни држави нема да останат без одговор и дека за тоа се плаќа многу висока цена. Соединетите Американски Држави и нивните сојузници и партнери ширум светот се пообединети од кога било. Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и нејзината борба за опстанок, а истовремено ќе работиме на зајакнување на европската безбедност и демократските вредности. Ја поддржуваме Украина бидејќи не може да се пазарите со границите и снабдувањето со храна. Ја поддржуваме Украина бидејќи човековите права се непобитни. Ја поддржуваме Украина, бидејќи така е правилно, пишува американската амбасадорка Кејт Мари Брнз во колумната „ Украина – шест месеци отпор, издржливост и решителност“

м-р Велин Стојановски

Гледајќи во тој куп од хартија, донесов одлука да ја променам состојбата. Истиот ден на веб-страните на Телеком и ЕВН се регистрирав за добивање на електронски сметки, а во  мојата банка потпишав траен налог за плаќање на истите. Бенефитот од оваа зелена активност за овие 12 години е заштедени повеќе од 3000 листа хартија и не знам колку штетни материјали за печатење на истите. Повеќе од 3000 листа хартија не се непотребно фрлени во ѓубре, со што индиректно давам мал, но вреден придонес во заштита на природата. Да претпоставиме колку хартија ќе се заштеди и колку помалку ѓубре би било фрлено ако само половина од домаќинствата на локално, регионално и глобално рамниште прифатат сметките да им стигаат само електронски. Верувам доволно за да се направи вистински чекор кон зачувување на животната средина, пишува Велин Стојановски во колумната „Поддршка за зелените вредности и ЗЕЛЕН ЦИВИЛ“.

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ