Минаа две години по масовните протести во Белорусија, по изборите во кои Александр Лукашенко прогласи победа, наспроти извештаите за тешки изборни манипулации. Режимот на Лукашенко насилно ги задуши протестите, со апсења и судско-полициски прогон на голем број интелектуалци, новинари и активисти. Белоруските новинарки Ксенија Халубович и Алена Наскович сведочат за диктаторскиот режим на Лукашенко елсклузивно за Цивил во панел дискусијата на тема „Зад димната завеса: Белоруските медиуми во стисокот на Лукашенко“
Халубович и Наскович се согласни дека Лукашенко и Путин се заеднички непријател на демократијата.Белоруските новинари не се борат само за Белорусија , туку и за Украина, Слободата на Беорусија зависи од слободата на Украина.
Битно е да се каже вистината за сегашната состојба во Белорусија. Имаше ситуации кога сите бевме во опасност, ни влегуваа во домовите, ни ги претресуваа канцелариите. Не само новинарите, сите граѓани се во опасност ако кажат нешто лошо за белоруската Влада и претседателот Лукашенко, посочи претседателката на Здружението на независни новинари на Белорусија, Алена Наскович.
Имаме некаква помош од меѓународната заедница , но не е доволна. Белоруската пропаганда работи како руската, страшно е, вели Халубович. Западните медиуми сеуште соработуваат работат со руската пропаганда. Тоа е бизнис. Тешко се справуваме со руската пропаганда.
Контактиравме и разговаравме со многу новински агенции, им испраќаме докумнтација, тропнавме на многу врати, но помошта што ја добиваме не е доволна, кажа Наскович.
Двете новинарки испратија порака дека новинарите треба да продолжат со со борбата, треба да се поддржуваат, бидејќи белоруските независни новинари се борат не само за себе, туку за целото општество.
На панел дискусијата организира од Цивил на тема „Зад димната завеса: Белоруските медиуми во стисокот на Лукашенко“ освен белоруските новинарки Ксенија Халубович и Алена Наскович, ексклузивен гостин во емисијата е и медиумскиот експерт д-р Волфганг Ресман од Германија.
Д.Мишев