• Latest
БРИТАНСКИ СТУДЕНТ Фатмир Бесими е лондонски студент и тој се држи до западните модели за борба против инфлацијата

Бесими: Данокот на солидарност значи одговорно справување со кризата денес, да не се остави товарот на идните генерации

February 1, 2023

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Данокот на солидарност значи одговорно справување со кризата денес, да не се остави товарот на идните генерации

February 1, 2023 12:41
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
БРИТАНСКИ СТУДЕНТ Фатмир Бесими е лондонски студент и тој се држи до западните модели за борба против инфлацијата

БРИТАНСКИ СТУДЕНТ Фатмир Бесими е лондонски студент и тој се држи до западните модели за борба против инфлацијата

Share on FacebookShare on Twitter

Данокот на солидарност, кој е замислен како еднократен данок и се однесува само на најголемите компании, има пред се солидарен ефект и треба да ја покаже општествената одговорност на сите нас, и на тие што сме во политиката, и на бизнис заедницата. Одговорност да се справиме со кризата ние сега, а не да платат идните генерации.

Ова го порача министерот за финансии Фатмир Бесими во изјава за БлумбергАдриа, во која говореше за даночната реформа и очекувањата за економскиот раст.

-Данокот на солидарност, како што се нарекува во последниот предлог, а како што е наречен и во самата ЕУ директива, не е дел од даночната реформа. Тој нема за цел да се зголемат расходите во Буџетот, туку на веќе донесен Буџет со овие дополнителни средства ќе го намалиме буџетскиот дефицит и јавниот долг и истите ќе бидат искористени исклучиво за справување со кризата. Со ова  како генерација ќе се справиме со предизвиците што ги имаме денес, а не како товар за идните генерации. Тоа е целта на овој закон, како еднократно решение, кое се препорачува од ЕУ и е во исклучителни околности како што е сега во време на криза, истакна Бесими.

Наведувајќи дека тоа е и согласно Уставот каде општествената одговорност е една од уставните одредби, рече дека станува збор за специфичен данок, од кој средствата ќе одат во посебна програма во Буџетот за антикризни мерки.

-Тоа значи дека точно ќе биде определено за каква намена ќе бидат тие средства. Дополнително на тоа доколку ЕУ беше подготвена да даде 80 милиони евра грант, кој не е кредит, туку грант, што се пари од даноци на граѓани на ЕУ за нас за справување со кризата, и ние треба да покажеме дополнителна волја да собереме дополнителни средства за да го финансираме тоа. И доколку не се финансира на овој начин, тоа ќе значи дека ние би требало да се задолжиме во ова време кога на финансиските пазари каматните стапки се високи, не само ние туку и идните генерации ќе ја платат цената на ова. Тоа е одговорност на оваа генерација, кон идните генерации не само на Владата, туку и на сите политичари и бизнис заедницата да одговориме денес за тоа што ни се случува нас, а не товарот да го пренесеме во идните генерации, порача Бесими.

Tags: ДанокЕУкредитФатмир Бесими
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ