• Latest

Бесими: Сите институции во Владата работат да се најде одржливо системско решение за платите за цел јавен сектор

March 22, 2023
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Сите институции во Владата работат да се најде одржливо системско решение за платите за цел јавен сектор

March 22, 2023 14:43
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Законот за платите во јавниот сектор, кој е објавен на ЕНЕР и е на јавна расправа, треба да изнајде системско и конзистентно решение за целиот јавен сектор кое ќе биде одржливо за раст на платите и во јавниот сектор како што е и во реалниот сектор, порача денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

-Во моментов сите институции во Владата работат да се најде одржливо системско решение за цел јавен сектор. Во Законот за службеници во државната администрација воведовме методологија со која минималната плата се внесува во основата на платата во државната администрација и потоа соодветно се прилагодува со минималната плата кај тие што се опфатени со законот, а кај другите со соодветни колективни договори, односно се бара системско решение во однос на платите, рече Бесими во одговор на прашање по денешното потпишување на Договор за грант од ЕУ за пречистителната станица во Скопје.

Системско решение, посочи, направивме и со новиот Закон за минималната плата и за пензиите.

-Годинава имаше раст на минималната плата за околу 2.000 денари. Ова покачување на минималната плата не дојде како резултат на некои преговори водени оваа година, туку како резултат на пристапот на Владата системски да ги решава работите, да се обезбеди стандардот на вработените, но воедно и да се следи продуктивноста на растот на економијата, рече Бесими.

Годинава, како што кажа, има раст и на просечната плата во стопанството и кај цените од друга страна што, пак, доведоа до раст на минималната плата.

-Тоа покажува дека без преговори системски е веќе решено. Слично решение има со пензиите. Владата годинава не требаше да преговара со пензионерите за зголемувањето на пензиите. Тоа е системски решено и постојано секоја година ќе се случува, прецизира Бесими.

Tags: Бесимиплатистопанство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ