• Latest
Претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова (фото извор: веб страница на претседателката)

Безбедност на македонски начин: Имаме безбеден град, но дали имаме безбедна држава?

March 4, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер за желбата за терор и сценариото за уривање на американската демократија

October 10, 2026
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Безбедност на македонски начин: Имаме безбеден град, но дали имаме безбедна држава?

Не е јасно кои се фактори ги зел во предвид Советот за безбедност во неделата попладне при расправата за состојбата со новата војна на Блискиот Исток. Јавноста секако се плаши дека не биле земени во предвид околностите кои покажуваат на долгорочноста на воените дејствија. Не го погодивме ниту бројот на нашите државјани кои бараат излез за бегство од загрозеното подрачје…

March 4, 2026 15:23
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ПОЛИТИКА, СТАВОВИ, ТОП 5
Претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова (фото извор: веб страница на претседателката)

Претседателка на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска Давкова (фото извор: веб страница на претседателката)

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Што не дознавме од состанокот на Советот за безбедност во неделата навечер? Говорот на претседателката Силјановска Давкова не кажа многу. Изразот на лицето кога таа реторички го откриваше сознанието дека сме безбедни на ова тло во секој поглед, без да навлегува во детали е секако поречит, особено ако се знае потребата од гестикулација при зборувањето во нејзините јавни обраќања што овој пат изостана. Или поточно – имаше некакво полутраурно насочување на нашите мисли, исто онакво какво што веројатно и ние самите претходно го имавме. Во најмала рака не не’ убеди да си легнеме пооптимистички настроени во однос на моќта на нашите безбедносни аналитичари да видат се’ што ќе ни престои во наредните недели.

Точно е дека и оние кои ја планираа војната и самите не ги нудат тие показатели  а излегува и – не ги поседуваат потребните факти за да се извлекуваат точни заклучоци за иднината на конфликтот. Вториот ден по нападот претседателот Трамп истакна дека нападот ќе трае шест недели а веќе според настаните во неделата навечер и целиот понеделник се покажува дека има многу знаци дека половината на април не ќе да е конечен датум! Најнапред, Иран е земја каде се предвидени сите процедури како да се раководи со земјата однапред, и без убиениот ајатолах. Според ефикасноста за напад во овој период се покажува дека армијата на оваа земја е во состојба ефикасно да го шири конфликтот.

Погодувани се објекти во целиот Залив, главно каде се сместени американски воени и информациони системи а нив ги има насекаде. Нормално е при оваа ситуација да страдаат и околни објекти и да има жртви меѓу цивилите. За Израел и да не говориме. Цело понеделничко попладне се обидувам да ја потврдам или отфрлам веста дека ирански проектили го погодиле кабинетот на премиерот Нетанјаху, што е се разбира само доказ дека штитот над оваа земја која предизвика дузина војни на Блискиот Исток не е непробоен и дека ситуацијата на воен план не е истата како при претходниот напад што беше извршен врз нуклеарните постројки во и сега нападнатата земја. Впрочем и нападот врз британска база на Кипар и само неколку часа откако званичните аналитичари од Лондон велеа дека тоа би бил невозможен потфат, потврди дека сега и Европа е вклучена во судирот кој не го сакаше.

Ова најнапред ги враќа сликите за маса на бегалци кои тргнуваат кон Стариот континент. Грција веќе објави дека се подготвува за тој чин. Сигурно дека тоа го прави и заради близината на Кипар ама да се сетиме најпрвин колку само странски работници и население има од старите конфликти по источното Средоземје и дека тие ќе си бараат посигурни дестинации. Нашата земја е секако транзитен коридор ама сега ја нема Германија на канцеларката Меркел која ќе ја расчистува огромната маса дојденци кај нас со повик да дојдат во нејзината богата држава. Генерално ситуацијата е сменета а токму Македонија, со предавничката политика на ова раководство е плодно тло за сите актуелни и идни азиланти се сместат токму тука во една мала држава на која и недостасува уште да добие плима на несакани странци. Овој Совет на безбедност е јасно блокиран заради составот да реагира соодветно на оваа опасност, во мигот кога преферира проазилантска политика!

Енергетската зависност на нашата земја и на сите во регионот, јасно укажува на потребата посебно да бидеме на штрек по ова суштинско прашање за функционирање на државата. Чувме дека сме имале нафта! Во резерва или за тековни потреби? За колку време ќе не држи таа резерва ако крајот на војната (и блокадата на сите главни патишта за доток на нафта и нејзини деривати) практично само ќе се оддолжува. Веќе се цел на ирански напад и резервоарите за нафта на земјите во Заливот… Присуствуваше ли министерката за енергетика на состанокот на Советот? Земена ли е во предвид и ситуацијата за зголемена активност на нашето население со доаѓањето на топлите денови? Има многу прашања а се сомневам во аналитичката моќ на ова државно раководство да одговори на кризни ситуации. Имавме еден конфликт во 2001 година кога како министер за одбрана беше поставен ликовен критичар (!) а кадровската логика генерално не е поинаква. Се работи за истата партија, нели?

Патем, беше речено дека дузина луѓе бараат помош од нашите амбасади на Блискиот исток, a само два дена потоа ги има повеќе од 400.

 


Текстот е личен став на авторот | Глобус


Сѐ е стабилно и нема проблем, јас само ширам паника

Балканските политичари прогласуваат стабилност, додека регионот влегува во нова криза

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ