„Горд сум дека успеавме да ја постигнеме инклузивноста и широката вклученост на голем број граѓани, граѓанскиот и бизнис секторот, институции, млади и ранливи групи“, вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во неговото обраќање на состанок на Управниот одбор за креирање на Националната развојна стратегија, каде беше презентиран првиот драфт на документот кој претставува визија за развој на државата за следните 20 години.
Битиќи ијави дека набрзо ќе се затвори и конечниот текст на развојната стратегија, по што ќе оди на гласање во Соборанието, каде очекува едногласно да биде усвоена.
„Ова не го кажувам како непоткрепен оптимизам или надеж, туку затоа што знам дека при процесот на креирање сите беа консултирани, вклучително и сите политички партии, преку активното учество на Собранието во целиот процес“; истакна Битиќи.