• Latest

Битиќи: Општествената одговорност носи шанса за развој и подобра иднина на младите

February 21, 2023
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
Михаил Звинчук

Црна Гора: Приведен Звинчук, шефот на руската пропагандна мрежа „Рибар“

October 9, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Општествената одговорност носи шанса за развој и подобра иднина на младите

February 21, 2023 21:53
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска можеме да ги поставиме темелите на општествената одговорност чии плодови ќе ги уживаат идните генерации, што всушност е наша обврска кон нив. Настанот за кој се собравме, доделување на стипендии за студенти, ја истакнува филантропијата на нашите бизнисмени, која е позната и како „општествена одговорност на корпорациите“, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на доделување на стипендии за додипломски студии во организација на фондацијата „Албиз“.

Покрај зголемувањето на репутацијата на компаниите, потенцира тој, општествената одговорност на корпорациите и помага на заедницата да добие квалитетно образование, кое денес претставува главната алатка во борбата против сиромаштијата, правејќи ги луѓето способни за пазарот на трудот, соопшти владината прес-служба.

Тоа најдобро ја илустрира синтагмата да ги научиш младите да рибарат, а не само да им дадеш готова риба, рече Битиќи и додаде дека 175-те студенти на кои вечерва им се доделуваат стипендии најверојатно утре ќе бидат носители на општествените и економските процеси во државата.

Вицепремиерот истакна дека образовниот процес бара заедничко партнерско делување од Владата и од бизнисите.

Ние не бегаме од нашите обврски за да создадеме услови за квалитетно образование. Република Северна Македонија внимателно ги следи меѓународните трендови заедно со Агендата 2030 каде, меѓу другото, филантропијата е еден од клучните механизми за поттикнување на развојот, па со измените на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, ќе бидат овозможени даночни олеснувања за донации од компании, вети Битиќи.

Тој посочи дека „Албиз“ веќе една деценија доделува стипендии и нагласи дека стипендираните студенти се со различна етничка припадност, што, како што рече, создава еднакво општество за сите, општество на солидарност кое интегрира и нуди можности.

Апелирам дуалното образование да биде клучот на нашиот процес на учење, бидејќи ова е проблематика која не можеме да ја адресираме само од една страна. Денес, бизнисмените се жалат дека огромното мнозинство од невработените немаат соодветни квалификации и како такви не се конкурентни на пазарот на труд. Затоа велам дека нашите планови за реформа на образовниот систем преку воведување на дуално образование за создавање поподготвени кадар во иднина, не може да се направи без ваше вклучување во процесот, рече Битиќи.

Преку дуалното образование, додаде вицепремиерот, студентите добиваат реална пракса во компаниите, додека паралелно посетуваат и стручно училиште или факултет.

Тоа ги развива практичните вештини што ги барате како работодавач, она што Германија или Швајцарија долго време го спроведуваат како образовен модел, па зошто да не научиме од најдобрите, потенцира Битиќи.

Tags: АлбизБитиќидодипломски студиииднинамладиопштествена одговорностстипендии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ