• Latest

Битола и натаму без дневен центар за ментално здравје

February 11, 2018

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Битола и натаму без дневен центар за ментално здравје

February 11, 2018 11:26
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Иако важи за една од поголемите општини во државата, Битола сè уште е без дневен центар за ментално здравје. Центрите за ментално здравје кои би можеле да понудат различни видови на социо-терапија, форми на организирање кои би биле психо-терапевтски и социо-терапевтски се од исклучителна важност за пациентите со нарушено психичко и ментално здравје, кои по стационарното лекување во Психијатриската болница во Демир Хисар треба да продолжат со рехабилитација.

За важноста од постоење на ваков центар зборува и фактот дека психијатриската патологија е втора по опфат на број на пациенти, веднаш зад интернистичката патологија.

Во овој момент во Битола функционираат две приватни психијатриски амбуланти кои работат со ФЗОМ и неколку психијатри кои работат во Клиничката болница во градот, но загрижува тоа што повеќето психијатри во Битола се доста возрасни, а градот не располага со кадар кој би можел понатаму да ја продолжи нивната работа.

Најблискиот дневен центар е Психијатриската болница во Демир Хисар, но на овие пациенти им е потребна секојдневна програма за рехабилитација, што е крајно непрактично и го прави патувањето на секојдневна основа исклучително тешко.

Работата на дневните центри е замислена да функционира секојдневно по неколку часа со формирање на терапевтски групи, работа со терапевти, социјални работници, психолози и психијатри, што сочинува еден мултидисциплинарен тим кој секојдневно работи со пациентите на нивната рехабилитација.

Во Битола постоеше обид за отворање на дневен центар од ваков вид и општината веќе додели и објект кој требаше да се стави во функција, но жителите од урбаната заедница каде беше замислено да биде отворен објектот со организирање на протести во 2016 година поради загриженоста од отворање на центар за ментално здравје во нивна близина, го спречија отворањето.

Иако не се работи за дневен центар за лекување на наркозависници , затоа што веќе постои таков центар во Битола, ниту пак со алкохоличари, бидејќи и тоа го има во одвоена форма, сепак постои стигма помеѓу граѓаните и одреден страв за нивните деца, кои своето слободно време го поминуваат во близина на објектот.

Дневниот центар за ментално здравје би имал капацитет да работи со околу 100 пациенти на дневна основа, што е добра бројка за град како Битола, но останува на општината да го реши проблемот со локацијата, односно дали на веќе одредената локација ќе може да биде отворен овој дневен центар, или пак ќе биде потребно да се најде друго решение со единствена цел, олеснување на рехабилитацијата на овие пациенти и нивна забрзана интеграција повторно назад во општеството.

Марјан Николовски

Tags: Битоладневен центар за ментално здравједокторинедостигпациенти
Share5TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ