• Latest

Новаковски: Блокада на парламентот во недоглед?!

July 10, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Новаковски: Блокада на парламентот во недоглед?!

July 10, 2017 14:55
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со формирањето на 10 пратенички групи и избор на исто толку координатори, ВМРО-ДПМНЕ ќе предизвика целосна блокада на работата на Собранието!  Ова е оценка на правниот експерт на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Александар Новакоски, за кого дури и актуелната атмосфера во парламентот е вонредна.

„Имајќи предвид дека по конституирањето на парламентот долго време се калкулираше со изјаснување на пратениците, јасно беше дека коалицијата што ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ со други политички партии, се подготвува некоја ситуација, изигрување на Деловникот. И, еве, тоа се случи! Дали формирањето на 10 пратенички групи, како основа, произлегува од Деловникот? Тоа секој може различно да го толкува. Јас немам посебни податоци за тоа, како пратениците се изјасниле по верификацијата на мандатите. Дали се изјасниле дека ќе дејствуваат, во која рамка ќе дејствуваат и во која политичка партија, бидејќи тие се од листата на кандидати на коалицијата. И, за да бидам појасен: долго време не го дефиниравме поимот ‘коалиција’, преку сите мои забелешки што сум ги давал јавно и преку некои толкувања. И сега, сето тоа се одразува и во овој случај“, изјави Новаковски, за ЦИВИЛ Медиа, коментирајќи ги последните чекори на најголемата опозициона партија во парламентот, ВМРО-ДПМНЕ.

Како што вели, формирањето на 10 пратенички групи, им дава многу можности за опструирање на работата на Собранието. Според Новаковски, пет пратеници согласно со Деловникот, може да поднесат интерпелација и потоа, може да го злоупотребуваат тоа право во повеќе наврати, да се јавуваат за збор повеќе пати…

„Значи, постои можност, буквално да се блокира парламентот и тоа, во недоглед! Пред нас се локалните избори. Парламентот мора да донесе многу битни закони и измени на закони, што е нормално, секоја влада што ќе дојде, има своја програма… Во конкретниот случај, не можам да тврдам како ВМРО-ДПМНЕ ќе се однесува. Но, потезите, настаните, ми даваат за право да сметам дека Собранието се соочува со многу тежок период, и дека може законодавниот дом да се злоупотребува. Како генерален секретар, сум бил и сведок на такви настани, со крајни напори се спречуваа инциденти, со крајни напори се спречуваше напнатоста во парламентот“, додава Новакоски.

„Сепак, ова се првите 100 дена од работата на новата Влада. Очекувам да се испочитуваат, а потоа, очекувам атмосферата комплетно да се смени и ќе има големи опструкции. Сме имале седници и по 20 часа, за носење битни закони што произлегуваа од Рамковниот одговор и сето тоа го координиравме со стариот Деловник, но сѐ се координираше на координации. Замислете сега, како претседателот на Собрание, ќе ги искоординира сите координатори. Не знам дали има потпретседатели. Морам да кажам дека целата оваа атмосфера за мене е исклучително сомнителна, а наизглед и вонредна“, оценува за ЦИВИЛ Медиа правниот експерт Новакоски.

Моника Талеска

Камера: Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Александар НовакоскиблокадаВМРО-ДПМНЕДеловникзлоупотребаопструкциипратенички групиСобрание
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result