• Latest

Блокада на Собранието, нов ЕУ пакет санкции за Русија, ЦИВИЛ во Штип

May 4, 2022
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Блокада на Собранието, нов ЕУ пакет санкции за Русија, ЦИВИЛ во Штип

May 4, 2022 15:46
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

ВМРО-ДПМНЕ одлучи да го блокира Собранието, односно да направи обид да стопира секаква законодавна активност во Парламентот, освен закони кои се однесуваат на помош на граѓаните.

„Ако мислите дека ќе завршиме тука, нема. Ова ќе биде процес во кој треба комплетно да ја принудиме оваа влада раководена од 15 пратеници на ДУИ и администрирана од Ковачевски и СДСМ да замине, затоа што мора да се согласите дека сега како никогаш во минатото не било толку лошо. Сега не е лошо туку очајно, имаме национална катастрофа, девастирана економија, урнисано здравство, многу лоша состојба во образованието“, изјави Мицкоски.

Тема блокада на Собранието ќе биде на состанокот на Извршиниот комитет на ВМРо-ДПмНЕ што ќе се одржи вечерва.

СДСМ реагираше дека Христијан Мицкоски очигледно дејствува по наредба на неговиот шеф во Будимпешта, Никола Груевски „како што е очигледно дека ваквото засилено деструктивно однесување доаѓа само десеттина денови по објавената Црна листа на САД каде се најде и Груевски“.

„Седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ закажана за вечерва е обична фарс“, велат од СДСМ..

Претседателот на парламентот Талат Џафери во изјава за „Слободен печат“ вели дека ќе постапува според собранискиот Деловник.
„Собранието постапува според Деловникот, ако има амандмани ќе видиме како ќе поминат законите на комисиите, ако има филибастеринг, колку може пратениците да зборуваат, еве 120 пратеници по 10 минути ќе зборуваат. Ќе видиме или ќе се отвори расправа на пленарна седница или не. Јас ќе работам според Деловникот, нема војна да правиме, ќе видиме како ќе тераат“, изјави Џафери.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ во Штип со промоција на мултикултурализмот

Два тима на ЦИВИЛ денеска во Штип имаа голем број средби со претставници на граѓанското општество, локалната самоуправа и медиумите.

Претставничките и претставниците на организацијата имаа средба и со градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, на која стана збор за предизвиците и постигнувањата во доменот на развојот на мултикултурализмот.

На инфо-штандот на ЦИВИЛ граѓанките и граѓаните можеа да се запознаат подетално за заложбите на организацијата за промовирање на европските вредности, антинационализмот и мултикултурализмот.
ЦИВИЛ одржа и прес-конференција, на која претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, зборуваше и за мониторингот на ЦИВИЛ за дезинформациите и пропагандата, а одговораше и на новинарски прашања.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Неодамнешните изјави на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за еврејската крв на Адолф Хитлер докажуваат дека Москва претставува закана за Евреите насекаде и се граничи со негирањето на Холокаустот, изјави Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

*

Европската унија денска објави шести пакет санкции против Русија, чии сили напаѓаат цели во источна Украина и истрелуваат ракети кон фабриката за челик, последното упориште на отпорот во пристанишниот град Мариупол. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска нагласи дека ЕУ ќе воведе постепена забрана за руската нафта како одмазда за руската инвазија врз Украина.

*

Руските сили вчера бомбардираа цели во осум украински региони за да ја уништат транспортната инфраструктура на Украина, јавува Укринформ. Нападите имаат за цел да ја намалат можноста за доставување каква било помош од западните и централните региони на првите борбени линии на истокот од Украина. Погодени се цели во регионите Лвив, Днипропетровск, Кировохрад, Виница, Кијив, Закарпатје, Одеса и Донецк.

*

„Конечно го имаме резултатот, првиот резултат од нашата операција за евакуација од „Азовстал“ во Мариупол, која ја организиравме многу долго време. Беа потребни многу труд, долги преговори и разни посредувања“, изјави Володомир Зеленски, украинскиот претседател во своето редовно обраќање.

ИЗЈАВА

Османи: Блокирање на Парламент во услови на криза е енергија на деструкција

„Блокирање на Парламент во услови на криза е енергија на деструкција… Владата е единствена и апсолутно јасна во своите определби и ништо нема да ја поколеба во остварување на целите… Јавноста со право е фрустрирана поради економските текови кои се поврзани со надворешни фактори, како и од пандемијата и од забавувањето на европските текови, но работа на Владата е да ги води и предводи работи, а не да јава на расположенијата на граѓаните. Граѓаните се фрустрирани, но тие гледаат постратешки од многу политичари“, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, во однос на најавената активна блокада на Собранието од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕКОНОМИЈА Стратешките развојни документи важни за напредокот на државава денеска беа претставени на донаторска конференција на која претставници на Владата и на донаторската заедница разговараа за следните чекори за проширување на развојната соработка

СОРАБОТКА Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски и претседателот на Унијата за Туризам на Косово, Баки Хоти, денеска потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете земји, во насока за развој и промоција на туризмот преку заеднички активности и туристички понуди, соопшти АППТ.

ИЗБЕШТАЈ Економскиот раст на земјава во 2022 година се очекува да забави до 2,7 проценти при што реалниот БДП до средината на годинава ќе го достигне нивото пред пандемијата, оценува Светска банка (СБ) во Редовниот полугодишен економски извештај за државите од Западен Балкан.

ПРАВДА Измените на постојниот Кривичен законик во однос на насилството врз новинари се во собраниска процедура и тие треба да бидат усогласени со целосно новиот кривичен законик, кој веќе постои во првична нацрт верзија и за кратко време ќе биде ставен на ЕНЕР, а треба да биде донесен до крајот на годината, најави денеска министерот за правда Никола Тупанчески.

БЕЗБЕДНОСТ„Новонастанатите состојби во Украина, дополнително ги стимулираат и потребите за одржување на цврста меѓународна соработка со земјите од регионот, поради што Република Северна Македонија активно е вклучена и ги поддржува сите меѓународни иницијативи кои имаат за цел да ја зајакнат соработката и безбедноста во регионот“ порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на почетокот на неговото обраќање за време на конференцијата на Процесот за соработка на Југоисточна Европа, што се одржува во Атина, во рамките на грчкото претседателство.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Голем дел од градоначалниците покажуваат мал капацитет да се носат со одговорностите во време на криза. Делуваат како „паднати од небо“ и покрај тоа што со исклучок на кризата во Украина останатите кризи веќе се случуваат или беа предвидени дека ќе се случат“ вели Сотир Габелоски во „Уште три и пол години со сегашните градоначалници“.

Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ