• Latest

Богат активистички ден на ЦИВИЛ во Штип

November 30, 2017

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Богат активистички ден на ЦИВИЛ во Штип

November 30, 2017 20:08
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Штип нѐ дочека мирен, сончев и ветровит, како да не го допираат апсењата и политичкиот панаѓур во Скопје. Повозрасните, испоседнати по клупите, а терасите на кафулињата полни со млади.

СЛОБОДНИ МЕДИУМИ ЗА СЛОБОДНО ОПШТЕСТВО

Поставувањето на штандот Слободни медиуми за слободно општество веднаш предизвика големо внимание.

ЦИВИЛите го делеа њузлетерот „Слободно општество“

Граѓан(к)ите заинтересирано му приоѓаа на штандот. „Цивили, што има ново?“ нѐ прашуваат. Една граѓанка зема примерок од њузлетерот „Слободно општество“ и мавта кон својата пријателка на клупите велејќи „ЦИВИЛ е тука, дојди да ги прашаш лично!“ Инфо штандовите на ЦИВИЛ често се користат и како можност луѓето да споделат по некоја своја мака, да прашаат за совет, да споделат информации или да го изразат своето мислење за некоја тема…

Инфо штанд на проектот „Слободни медиуми за слободно општество“

Со раното заоѓање на сонцето, станува уште постудено, но активностите не стивнуваат. Дел од тимот се задржува на плоштадот и разговара со граѓанките и граѓаните. Членови, поддржувачи и набљудувачи на ЦИВИЛ дојдоа да поразговараме за нашите следни чекори. Еден дел од тимот заминува на други локации, по задачи поврзани со други проекти.

ОД РАЗБИРАЊЕ ДО ОДБРАНА

Преку анкета меѓу граѓан(к)ите, на прашањата што е слобода на изразување и дали медиумите се слободни, можеше да се види дека промените полека, малку несигурно, но опипливо се случуваат и на локално ниво.

Интервју со Војо Маневски, директор на ТВ Ирис

Во меѓувреме, во комуникација со локалните медиуми, новинарската екипа на ЦИВИЛ разговараше со сопствениците, уредниците и новинарите, но и со граѓанските активисти со цел идентификување, разбирање и одбрана на слободата во медиумите.

Преку оваа комуникација и видео интервјуата што ги спроведе ЦИВИЛ Медиа, како дел од проектот Од разбирање до одбрана, се истакнаа предизвиците, но и потребите на медиумските работници за ослободување на сѐ уште заробениот медиумски простор.

ГРАЃАНСКИ ОБЈЕКТИВ

Во попладневните часови, младите штипјанки и штипјани се запознаа со улогата на граѓанското новинарство и неговото влијание не само во медиумската сфера, туку во донесувањето на одуки и промени на локално и национално ниво.

Теоретски дел од работилницата за граѓанско новинарство

Веќе трета година проектот Граѓански објектив им овозможува на сите граѓанки и граѓани самостојно, со фотографија или видео запис, да известуваат и информираат за проблемите со кои с соочуваат во нивното секојдневие.

На двочасовната работилница, учесниците имаа многу примери што укажуваа на реалната состојба во Штип и на проблемите на граѓанките и граѓаните што допрва треба да се решаваат.

ЦИВИЛ продолжува и понатаму со теренските активности низ Македонија, повикувајќи ги медиумите, активистите и претставниците на граѓанското општество да се запознаат со активностите на организацијата и активно да учествуваат во нив.

ЦИВИЛите се секогаш активни и на располагање за соработка и комуникација, затоа што: „Сите временски прилики се погодни за активизам“.

Биљана Јордановска

фотографии: Биљана Јордановска, Горан Наумовски


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

Tags: анкетаграѓанско новинарстоинтервјуаслобдно општествослобода на изразувањеслободни медиумиЦивилШтип теренски активности
Share85TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ