• Latest

Богојески: Системот на меници ја уништи партијата!

July 21, 2017

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Богојески: Системот на меници ја уништи партијата!

July 21, 2017 14:36
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Петар Богојески, еден од реформистите на ВМРО-ДПМНЕ зборува отворено за „системот на меници“ со којшто, како што тврди, партиското раководство ги држи со години под контрола пратениците, советниците, градоначалниците, сите партиски функционери …

„Тие се принудуваат да воспостават незаконски облигации, на коишто во иднина ќе бидат обврзани под потенцијален страв, да изгубат дел или целиот свој имот, да биде извршен тој имот, поради нивна некаква непослушност. Па, тие се чувствуваат ограничено да дејствуваат самостојно, самоиницијативно, авторитативно, повикувајќи се на својот авторитет и интегритет и на моменти да предлагаат различни мислења од оние на лидерот, на дел од раководството па и на телата во партијата“, обзнани Богојески на трибината „Без таму теми“, што на иницијатива на ЦИВИЛ Центар за слобода се одржа во Клубот на новинари.

„Оригиналноста на оваа нашата Иницијатива е во фактот што ние, ниту некого го притискаме да се приклучи, ниту го ограничуваме. Ние настапуваме со доверба! Тука е и суштината – зошто се инсистира на централизација при донесување на кадровските одлуки и какви било одлуки во партијата. А, тоа е немање доверба во членовите! Ние сметаме дека треба да имаме комплетна доверба во сопартијците и да им дадеме, одлуките да ги носат тие. И сега, таа недоверба се мултиплицира на создавање ‘систем на меници’“, рече Богојески, објаснувајќи ја суштината на системот што функционира со години во партијата.

„Што е суштината? Немање доверба кон своите кандидати и немање доверба во нив како кон луѓе, дека ќе издржат разно-разни притисоци и дека ќе исполнат одредени насоки и слепо ќе ги извршат насоките, за кои не се лично убедени… Со таква цел се воспостави тој некоректен систем кон сопствените пратеници, градоначалници, советници…“, беше дециден Богојески.

„Зошто некој поединец да не може искаже различно мислење од другите?! Тој систем на целосна посесивна контрола, на лицата што ги номинираме да бидат избрани за државни функционери на различни позиции во државата е систем, којшто ја загушува внатре-партиската демократија и креативност на поединецот, така што ние губиме. Партијата наша губи. И последниве години се покажа дека тие политики, сериозно застрануваат и ја доведоа нашата партија во опозиција, токму затоа што немаше можност за дускусија внатре во органите и телата на партијата“, заклучи Богојески.

 

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента

Tags: ВМРО-ДПМНЕконтроламенициПетар Богојескипритисоциреформаторифункционеричленство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ