Бојан Маричиќ, граѓански активист, експерт за ЕУ нтеграции, право и политика, поранешен вицепремиер за европски прашања и министер за правда, Северна Македонија на панелот „Подемот на крајно десничарскиот национализам“, на Конференцијата „Одбрана на демократијата и човековите права “, 12 декември 2024 година Скопје.
Во Западен Балкан секогаш имало два натпреварувачки наративи – наративот за европската интеграција и наративот на десничарскиот национализам кој доминира во конфликтот или конфликтниот наратив на Западен Балкан.
Обично, кога еден од нив не функционира, другиот доминира. Така, секогаш кога европската интеграција како наратив не функционира и не покажува резултати, тогаш десничарскиот радикален национализам доминира во наративот на конфликтот.
За жал, тоа е дел од политичката битка и расцепот во сите европски општества. Она што го гледаме во изминатата деценија, а особено во последните неколку години во Франција, во Италија, во Унгарија, во Германија, во Холандија, во голем дел од Вишеградската група, исто така и земји, е нешто што прави да мислиме дека ова не е само балканска специјалност, туку сега е паневропска битка.
И навистина мислам дека тоа е паневропска битка. А таа паневропска битка добива во моментов, особено во земјите Украина, Грузија и Молдавија, радикална форма и добива форма во која оваа политичка битка станува општествена битка со огромен јаз меѓу два делови од општеството.
Зошто е ова важно? Мислам дека не можеме да го решиме предизвикот ако не одиме до коренот. Коренот е во тоа како политичарите, како мејнстрим политичките партии и како институциите се справуваат, односно ги третираат емоциите на луѓето. Бидејќи очигледно политиката, не само на Балканот, туку и во ЕУ, се однесува на емоции. Не се работи само за планови, не се работи само за закони, не се работи само за програми, туку се работи и за емоции. И мислам дека подемот на радикалниот национализам, десничарскиот национализам во Северна Македонија, особено, беше резултат на некои неадресирани емоции на повеќето македонски граѓани кои се чувствуваа, на некој начин, разочарани, на некој начин, изиграни од Европската унија и од страна на делови од владата.
Јас не сум само граѓански активист, бев седум години во владата, па имам посебна одговорност и да зборувам за ова. И, исто така, мислам дека сега треба да се справиме со тие емоции и да ги преточиме на дело, да ги преточиме во политичко дејствување што ќе му се спротивстави на радикалниот десничарски национализам.
Д. Т.
Камера: Атанас Петровски/ Игор Чадиновски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Роберт Атанасовски- ЦИВИЛ
КОНФЕРЕНЦИЈА, ЦЕЛОСНО ВИДЕО, емитувано во живо на 12 декември, 2024:
https://youtube.com/live/1f2Eo1ZXEQ0
ФОТО АРХИВИ: #DefendingDemocracy, Панел 1: Демократијата под опсада
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.994398716055531&type=3
#DefendingDemocracy, Панел 2: Подемот на крајно десничарскиот национализам
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.995019619326774&type=3
#DefendingDemocrcy Панел 3: Спротивставување на авторитаризмот
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.995771969251539&type=3
#DefendingDemocracy Панел 4: Посветеност кон демократијата
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.996548069173929&type=3
#DefendingDemocracy Конференција (севкупно)
https://www.facebook.com/media/set?set=a.993726732789396&type=3
#DefendingDemocracy – работилница и средба со медиумите
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.992924672869602&type=3
#DefendingDemocracy ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
За повеќе информации за Конференцијата, посетете ја специјалната страница DefendingDemocracy