ШББ-КББ правниците и аналитичарите прашуваат значајно: Која е гаранцијата дека ќе влеземе во НАТО и ЕУ? Што ако Грција продолжи да опструира при реализацијата, заедничките комисии, прашањата што ќе се отвораат…?
Еве сега ќе ви каже Младичот, пренајумни мои, која е гаранцијата. И зошто треба да излеземе на 30 септември и да гласаме за тоа:
Прво, гаранцијата е суверенот во Република Македонија, граѓанинот, кој во секое време може на нов референдум да ја врати старата состојба. Ако веќе не е гаранција самиот договор и преземените обврски.
Второ. дури и кога ќе влеземе во ЕУ и НАТО, ако не ни се бендисува, можеме во секое време да излеземе. Примери има. Најсвежа е одлуката на Велика Британија за напуштање на ЕУ, а повозрасните ќе се присетат дека Турција го напушти НАТО за кратко во 1980-та поради кипарскиот конфликт и воените дејствија помеѓу турските и грчките армии.
А што се нуди во замена – ништо. Ако не успее референдумот и пропадне договорот, ги губиме шансите и можностите за евроатлантска интеграција на подолг период. Јасно ни порачаа сите членки на тие сојузи – дека патот до тоа друштво води преку договорот.
Значи, тука каде што сме и каде што некои сакаат да останеме, можеме секогаш да се вратиме. А ако не излеземе на 30 септември, никогаш нема да видиме дали навистина ќе зачекориме кон посветла иднина или ќе се влечкаме со опструкции.
Затоа, драги мои „хипотетичари“ без алтернативи, Младичот вели дека е подобро да излеземе и да пробаме – бидејќи зијан нема и секогаш можеме да се вратиме „на свое“. Далеку подобро, пологично и поразумно од тоа да останеме дома и воопшто да не се обидеме да направиме нешто за својата иднина.
Еден мал напор, листиќ у кутија и вратата е отворена. Ќе излеземе, ќе поодиме по тој пат и ќе видиме дали е сончево или е бура. Ако не чини, опет листиќ у кутија, и назад во оваа красотија што ја живееме 27 години. До некои идни, поумни генерации.
#БојкотирамАлуминиум
Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста
Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.