„Кога зборуваме за одбрана на демократијата, не зборуваме само за одбрана на Украина, туку и за одбрана на фундаменталните принципи што ги поткрепуваат демократските општества—главен меѓу нив, слободата на печатот. Без слободен и независен печат, демократијата не може да функционира“, рече Мика Бојстер, претседател на Германското здружение на новинари на настанот на Вестминистерскиот сојуз за Украина.
„Би сакал да додадам уште една димензија на оваа дебата: европското законодавство. Не се соочуваме само со војна во Украина, која бара воена поддршка, туку и со хибридна војна—која вклучува информациско војување“, рече Бојстер.
Превод: Н. Цветковска