• Latest
hybrid warfare

Борба против психосоцијалните операции: Апотеoза на вистината е нужност за нашата ера

February 28, 2024
Фото: Скриншот од видео на МИА

За Мицкоски не биле алармантни параметрите на штетните честички по здравјето на граѓаните, тоа било само визуелно

September 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

(ВИДЕО) Фон дер Лајен: Ова мора да биде Моментот на независноста на Европа

September 10, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: Полска собори руски дронови; EXIT демантира дека се преселува во Скопје; Макрон го назначи Лекорну за премиер

September 10, 2025
Првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/Фејсбук

ЦИВИЛ прашува – Лукоил, МНР и Економија молчат

September 10, 2025
Фото: А. Петровска / ЦИВИЛ

Љубчо Георгиевски: Патриоти сме кога Албанците или Бугарите треба да стават споменик, а за спомен плоча на докажан асимилатор – српски четник – нема проблем

September 10, 2025

Првиот полицаец по стапките на првиот човек на правдата

September 10, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Институционалната криза во Косово продолжува; Сомнежи за масовна гробница во депонија кај Нови Пазар; Нетранспарентните договори на консултантските услуги во Албанија се нелегални

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Германија и Франција бараат санкции за Лукоил – што со подружниците во регионот

September 10, 2025
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Кога вистината станува релативна, пропагандата победува

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Борба против психосоцијалните операции: Апотеoза на вистината е нужност за нашата ера

February 28, 2024 12:54
in АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ЕДУКАЦИЈА, МЕДИУМИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
hybrid warfare

Хибридно војување (Open Art image, AI)

Share on FacebookShare on Twitter

АНА ЧУПЕСКА

Несомнено, ерата во која живееме, окарактеризирана како пост-вистина, во многу нешта ги измени секојдневието, интересите, но и когнитивните процеси, емотивните дигестии и воопшто, во услови на технолошката злоупотреба на (дез)информациите дури и нашето однесување. Слично, вредностите врз основа на кои се темелат и градат нашите демократии, и ставовите кои се омасовуваат со оглед на брзината на дисеминацијата, неретко се вирални мотивациони горива за (не)соодветно однесување и компромитација.

Пред нас се мноштва на дезорганизирани и несистематизирани полувистини, а не корпуси на адекватни и точни знаења; па фактите и вистината, кои меѓу другото и форензички се докажливи и не се релативни, добиваат сè помала видливост и сè помали шанси за пробив кон свеста на денешните граѓани.

Очекувано, оттука, и самата артикулацијата на нашите лични и политички ставови, па и  идеолошки преференции, станува сè потешка, и тоа консеквентно влијае и на целокупната политичка хабитуалност во која живееме. Пост-вистинитото доба донесе сосем нови предизвици за демократијата, и за нив сè уште се бараат адекватни решенија, особено имајќи предвид дека токму за фактите и за вистината е сè помал интересот како кај медиумската публика, така и кај целокупната јавност и консумерите на медиумските содржини.

Дезинформациите, значи, се една неoспорена и суштествена одредница на релативизаторскиот тонус во пост-вистината и токму  затоа, во либералните демократии,  добиваат третман на нешта кои мора да бидат пресретнати. Вистинските демократии настојуваат да ја неутрализираат разорноста од  нивното дисеминирање, но во хибридните режими и илибералните и авторитарните системи – тие работат во нивна репродуктивна корист.

Дезинформациите, исто така, стануваат успешна алатка во рацете на актуелните неконвенционални хибридни војни и закани. Во овој контекст, злоупотребата на дезинформирањето неретко има и цел/таргет да изврши дурии психолошки операции т.н. PSYOP, бидејќи преку нив се креираат лажни вести и се распространуваат невистините, со што се стимулира интензивна политичка поларизација, а особено и преку новите, нерегулирани медиуми. Целта е да ја блурираат/матат вистината, и да создаваат поларизирани светогледи, кои нема да дојдат во меѓусебен допир, туку во ехо-коморни bubbles само ќе го интензивираат алгоритамски индуцираното (не)знаење и (не)вистинитост.

Како дел од хибридното психосоцијално војување, PYSOP неретко имаат за цел дестабилизирање на демократскиот поредок, особено во контекст на глобална безбедносна состојба и, како што гледаме, во услови на акутен пораст на конфликтите низ светот. Дезинформациите, во суштина, се едно ново ниво на пропагандно и систематско лажење, кое се емитува низ каналите на нерегулираните медиуми / но и од страна на видни поединци/јавни лица/политичари/интелектуалци/инфлуенсери и сл., а со намера да се внесе несигурност, страв, конфузија меѓу граѓаните, што ќе резултира со недоверба во демократските институци – консеквентно: недоверба во демократијата и склоност кон авторитаризација на политичкото тело/или систем.

Имено, тенденцијата нивна е да се интервенира во формирањето на јавното мислење, па дури и да се делува субверзивно спрема демократскиот уставен поредок. Во овие „пакет аранжмани“ на пропагандни тактики се вклучуваат и други техники, како на пример евтини лични (дис)квалификации, но и анти-интелектуализам (релативизација на научното и стручното знаење), и воопшто, целосно упростување и инстантизираност на медиумските содржини. Имајќи ги предвид овие аспекти, и, генерално целиот сет од веќе докажани пракси поврзани со хибридите/лажните вести и сл. Во врска со ова, веќе во некои од посериозните анализи посветени на продукти на денешнината и нивните последици по демократијата и утврдени укажувања дека станува збор за повторна актуализација на протофашистичката нарација, или, на она што е идентификувано од Умберто Еко како УР-фашизам / вечен фашизам.

Неспорно е дека новите технологии и криптомедиуми (медиуми што не се медиуми) во голема мера се овозможувачи на сиве овие пакет аранжмани. И додека замислата за масовна и брза достапност на информацијата која може да им биде пристапна на сите граѓани е одличен демократски концепт… Истовремено, овој концепт подлежи на многу критики кои го сугерираат и сосем спротивното, а тоа е поврзано со: сериозните злоупотреби на самата демократијата (Nemitz & Pfeffer); со распростанувањето на предаторскиот неолиберализам и надзорен капитализам (Zuboff); па оттука и не случајно денес го сведочиме „златното доба“ на нус ефектите поврзани со информатичката технологија која е овозможувач токму на дезинформирањето и поврзаните хибридни закани бидејќи, развојот на дигиталната технологија освен што овозможува брзина, масовна достапност и сл., дефинитивно овозможува и лесно пласирање на секаков вид на информации во јавниот етер без притоа тие да бидат проверени, а уште помалку пласирани со соодветна доза на етичност, професионализам и пред сè – одговорност.

Без да навлегувам подлабински во сите останати ефекти поврзани со овие современи демократски предизвици, кои нужно барат многу поширока елаборација, ќе укажам само на некои битни и видни аспекти поврзани со ваквата поставеност на слободниот јавен простор – кој сè повеќе ја загадува јавната сфера со лажни вести за кои никој не презема никаква одговорност! Не само кон тие кон кои е упатена, туку и кон целиот медиумски простор предизвикувајќи масовно труење на околината, што само по себе е тотална злоупотреба на основното право на слобода на информирање.

Овој тренд во „медиумите” е веќе до толку залауфан што неговото враќање на вистинскиот колосек претставува сериозен предизвик – како што впрочем изискува и секое исправување на било кое искривено сфаќање на слободата.

Но, нас тоа не треба да нè плаши, туку да нè мотивира.

Без исклучок, овие состојби се глобален предизвик: QAnon, конспирации, антиваксерство, антисциентизам, антиинтелектуализам, и слични теми, рековме погоре, веќе се дел од „пакет аранжманот“. Но, сепак, важно е да ги препознаеме и соодветно да се делува. Затоа, во овие услови, многу е важно е да знаеме, на пример, на кој начин се саморегулираат таканеречените или поточно самопрогласените „медиуми“ – порталите без импресум? Или, пак, самонаречените „новинари“ – трговци со лични приказни на луѓето, и уценувачи? Дали „саморегулацијата“ има соодветни механизам да помогне во борбата со овој тип на хибридни закани врзани за дезинформирањето? Каде е одговорноста за фантомските портали кои безочно лаат и лажат, а со тоа ја мобилизираат целата јавност да се „лизга уметнички на кори од банани“ сè додека не стигне до амбисот – сетете се на сите обиди за мини државни удари во последниве години и другите атаци.

Северна Македонија инаку има и национална стратегија за градење отпорност од надворешни хибридни закани и таа стратегија, точно е дека ги опфаќа и дезинформациите, но, што останува со отпорноста од „внатрешните закани“ имајќи ги предвид фактите дека за секоја надворешна закана потребна е и внатрешна/домашна логистика!?

На едно друго ниво, како што укажав погоре, овие нешта може да ги третираме и како инстанции преку кои протофашистичката идеологија сака да мобилизира сè повеќе граѓани , а во правец на акутни субвверзии на демократскиоти уставен поредок. Наједвидентни докази за тоа се сите обиди за државни удари и антидемократска субверзија, како кај нас, така и во другите демократски земји, на кои секако дека им претходеа хибридни закани и дезинформативни атаци. Токму и затоа, сосем оправдано во либералните демократии деизнформациите се третираат и како безбедносен ризик. И не случајно и во предлог преговарачката рамка на дезинформациите им се дава особено важно место: „Очекуваме Северна Македонија прецизно и стратешки да ги соопшти придобивките и обврските од процесот на пристапувањето пред својата јавност, вклучително и справувањето со дезинформациите, во согласност со својот проевропски стратешки избор.“ (т.6 од Општиот став на ЕУ)

Но, за останеме демократија и понатаму, јасно е дека овие нешта треба да се истретираат дури на ниво на безбедносна закана, но мора да се делува и во правецот и самите граѓани да станат поотпорни на лажните вести. Од тие причини, не смееме да се држиме до (за сега доминантниот) реактивен или проактивен пристап (во кој се пресретнува лажна вест, а потоа се реагира , откако нејзината виралност го има постигнато ефектот), туку, ќе мора  да го смениме правецот на дејствување и од метод на разоткривање да се приклониме кон методот на „претрупување“ со вистината и фактите, фокусирани на предвидливоста, на медиумската и информациска писменост.

Значи, од состојба на пост-вистина, да се насочиме спрема состојба во која ќе се промовира апотеозата на вистината!


Проф. д-р Ана Чупеска е универзитетска професорка.


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторката.

ЛИНК ДО ПУБЛИКАЦИЈА: „Ослободи го умот“


#ОслободиГоУмот
#LirojeMendjen
#TromalkerenTumariGodi

Оваа анализа е дел од проектот „Ослободи го умот“. Проектот е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторите/ авторите, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ