• Latest

Борбата продолжува, гласот победува!

October 8, 2016
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Борбата продолжува, гласот победува!

October 8, 2016 16:36
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Ден на востанието во Македонија, 11 Октомври, оваа година, ќе биде во знакот на протестен граѓански марш под мотото „Борбата продолжува, гласот победува“. Според најавите, маршот ќе започне од 14 часот, на раскрсницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Френклин Рузвелт“.

Иницијатори на маршот се Вера Бунтеска, Сојуз на борци, Златко Ориѓански, музичар, Ирена Ристиќ, актерка, Томислав Кежаровски, новинар, Бени Шаќири, музичар, Атанас Костовски, спортски новинар во пензија, Влатко Васиљ, твитертиџија и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Мотивот за приклучување на протестниот марш на истакнатите јавни личности е ослобудување на Македонија од десетгодишната окупација и продолжување на борбата за слобода и правда затоа што е крајно време да се продолжи напред. Според нив, минатото треба да нѐ поучи да се гледа кон иднината, а не да се враќаме кон него. Она што сите ги поврзува е заложбата за модерно општество во кое ќе се почитува слободата на изразувањето, а граѓанките и граѓаните во Македонија ќе можат да живеат слободно.
„Кога правдата е во прашање, нема да бидам во колоната што протестира, туку ќе бидам пред колоната. Настојувам да нема наши и ваши, сите да сме еднакви пред Уставот и законите, да има правда и правичност“, истакна новинарот Томисла Кежаровски на вчерашната прес-конференција на иницијаторите на маршот.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во најавата на граѓанскиот марш рече дека 11 Октомври е симбол на народното востание, но и на борбата за слобода и граѓанскиот пркос.
„Нашето оружје е нашиот глас. Нашиот глас е оружје што вели да на животот во Македонија и гласот што вели не на режимот“, истакна Заев во својот повик до сите граѓанки и граѓани да се приклучат на маршот во вторник, прославувајќи го 11 Октомври, празник што ги најавува промените во Македонија.

Б. Ј.

Tags: 11 ОктомвриизбориМакедонијаопозицијаПротестрежимСКОПЈЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ