• Latest

Борел и Вархеји: Геноцидот во Сребреница е еден од најмрачните моменти во модерната европска историја

July 11, 2024

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Борел и Вархеји: Геноцидот во Сребреница е еден од најмрачните моменти во модерната европска историја

July 11, 2024 13:51
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Геноцидот во Сребреница од пред 29 години е еден од најмрачните моменти во модерната европска историја и наша должност е да го почитуваме споменот на над 8.300 момчиња и мажи кои беа систематски убиени на ридовите околу овој босански град, порачаа високиот претставник на Европската комисија за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји во заедничка изјава по повод 29-годишнината од геноцидот во Сребреница.

– Ги повикуваме лидерите да ја отфрлат реториката за поделби и да дејствуваат со вистина, правда, доверба и дијалог. Заздравувањето на раните од минатото бара признавање и поучување на историските факти, изразување почит и сеќавање на жртвите, идентификување на оние кои се уште се водат како исчезнати и изведување на сите виновници пред лицето на правдата. Ова е клучно за соочување со корените на омразата што доведоа до геноцидот, се наведува во изјавата.

Борел и Вархеји посочуваат дека треба сите заедно да градиме мостови за помирување.

– Меѓу нас нема место за оние кои го негираат геноцидот, се обидуваат да ја прекројат историјата и ги величаат воените злосторници, се додава во изјавата.

Во неа натаму се посочува дека во март годинава, Европскиот совет одлучи да ги започне преговорите со Босна и Херцеговина за пристапување во ЕУ, што претставува клучна можност за земјата да напредува во реформите за зајакнување на демократијата, просперитетот и безбедноста на нејзините народи и за нејзино приближување до членство во Унијата.

– Ја повторуваме нашата недвосмислена посветеност на иднината на Босна и Херцеговина во ЕУ како единствена, обединета и суверена земја, се додава во изјавата на Борел и Вархеји по повод 29-годишнината од геноцидот во Сребреница.

За време на Војната во БиХ, силите на босанските Срби во периодот од 11 до 31 јули 1995 година убија над 8.300 бошњачки мажи и момчиња во околината на Сребреници, откако претходно презедоа контрола врз овој град што беше прогласен за „безбедна зона“ под заштита на ОН.

Според податоците на Федерална комисија за исчезнати лица на Федерацијата БиХ, на листата на исчезнати или убиени за време на масакрот во Сребреница се наоѓаат имињата на 8.372 лица. Досега се идентификувани посмртните остатоци на 6.838 жртви на геноцидот, од кои 6.671 се погребани во Меморијалниот центар во Поточари. / МИА

Tags: БорелВархејгеноцидСребреница
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ