„Босна е огледало на ранливостите на Европа. Таа покажува колку кревок станува мирот кога вистината е релативизирана, институциите се испразнети, а демократијата останува незаштитена.
„Српскиот свет“ и неговата идеолошка „мајка“, „рускиот свет“, не им требаат армии за да победат. Тие напредуваат од тишина, замор и илузијата дека мирот може да преживее без правда.
Лекцијата е јасна: хибридната војна започнува со неверица и завршува со дезинтеграција. Босна е епицентарот – и предупредувањето“, истакна претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала, во колумна за престижниот интернационален медиум Voxeurop, посветена на состојбите со демократијата, човековите права и отпорот кон авторитарните влијанија во регионот, со што уште еднаш потврди дека европската јавност препознава и вреднува независни и критички гласови од Западен Балкан.











































