• Latest

Британските дипломати во ЕУ ќе бидат отповикани во 2019 година

August 1, 2018

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Британските дипломати во ЕУ ќе бидат отповикани во 2019 година

August 1, 2018 09:39
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во писмо испратено до својот персонал на 27 јули, Европската комисија и Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) ги информира вработените со британско државјанство, кои работат во дипломатските претставништва на ЕУ низ светот, дека ќе треба да се вратат до септември 2019 година.

Како што јави дописничката на МИА од Брисел, амбасадорите и високите дипломати ќе мораат да се повлечат до крајот на март 2019 година, додека пониските ешалони имаат рок до септември да се вратат во Брисел, кога се обновуваат мандатите на ЕЕАС.

Сепак, повеќето британски дипломати во ЕУ ќе ги задржат работните места, се прецизира во писмото, благодарение на исклучоци предвидени во правилникот на институциите на ЕУ.

Оние кои не се вработени и се со привремени договори, а имаат само британско државјанство ќе бидат отпуштени, како и оние за кои ќе биде утврден конфликт на интереси, се наведува во писмото. Понатаму нема повеќе да се вработуваат Британци во дипломатските претставништва на ЕУ.

Преговорите за Брегзит се во ќор-сокак веќе повеќе месеци, откако двете страни влегоа во суштината на преговорите и се поизвесно станува дека не е исклучено да не биде постигнат договор кој ќе ги утврди модалитетите на напуштањето на Велика Британија на ЕУ.

Во тој случај, односно при Брегзит без договор, ЕУ и Лондон најавија дека се подготвуваат за најхаотичните сценарија, вклучително и празни продавници, километарски редици на граничните премини и правна неизвесност за граѓаните на ЕУ кои живеат во Велика Британија.

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 30 март 2019. Доколку до тогаш Брисел и Лондон не постигнат договор, нема да има транзициски период за Велика Британија.

Тоа значи дека нема да бидат решени клучните прашања: границата со Северна Ирска, и оттаму заштитата на внатрешниот пазар на ЕУ, правната заштита на граѓаните на ЕУ во Велика Британија, односно дали за нив се уште ќе важат одлуките на Европскиот суд на правдата, и за крај нејасно е какви ќе бидат трговските односи помеѓу ЕУ и Велика Британија. (МИА)

Tags: БрегзитБриселВелика БританијаЕвропска КомисијаЕЕАСЕУ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ