Од почетокот на мај 2023 година, Русија сè повеќе ја отстапува иницијативата на фронтот и реагира дефанзивно на акциите на Украина, наместо активно да се движи кон сопствените воени цели, соопшти
Министерството за одбрана на Велика Британија во новото ажурирање на разузнавањето на Твитер, пренесува Укринформ.
„Од почетокот на мај 2023 година, Русија сè повеќе ја отстапува иницијативата во конфликтот и реагира на украинските акции наместо активно да напредува кон сопствените воени цели“, се вели во извештајот.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 31 May 2023.
Find out more about Defence Intelligence’s use of language: https://t.co/wQzgpFMEfU
🇺🇦 #StandWithUkraine 🇺🇦 pic.twitter.com/2GmVBRftKQ
— Ministry of Defence 🇬🇧 (@DefenceHQ) May 31, 2023
Забележано е дека во текот на мај 2023 година, Русија изврши 20 ноќни со напади со беспилотни летала б и крстосувачки ракети длабоко во Украина.
„Русија имаше мал успех во своите веројатни цели да ја неутрализира подобрената воздушна одбрана на Украина и да ги уништи украинските сили за контранапад. На терен, ги прераспореди безбедносните сили за да реагираат на партизанските напади во западна Русија“, се вели во извештајот.
Според британското разузнавање, воените трошоци на Русија се зголемени, што врши притисок врз финансиите на руската влада.
Подготви: Д. Мишев