• Latest

Бројот на новозаболени над илјада, на скопските интерни клиники има слободни кревети

November 14, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Бројот на новозаболени над илјада, на скопските интерни клиники има слободни кревети

November 14, 2020 10:31
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за здравство вчера соопшти дека се регистрирани нови 1064 случаи од тестирани 3096 лица. Податоците од здравствените власти покажаа дека битката со вирусот ја изгубиле 25 пациенти од кои најмладиот на 34-годишна возраст. Скопје и натаму останува град со најголем број ново заболени – 541, а двоцифрени бројки на новозаболени регистрираат и Куманово,Тетово, Штип, Велес, Битола, Охрид, Кавадарци, Кичево, Струмица, Струга, Гевгелија, Радовиш, Кочани, Свети Николе и Неготино.

Прилив на пациенти има, но министерот за здравство уверува дека има слободни болнички кревети и доволно кадар за да бидат згрижени сите пациенти.

Се работи и на поставување на Ковид центрите, а првите ефекти од рестриктивните мерки се очекуваат за недела до две.

„Секојдненво сме во комуникација со директорите на болниците, прилив на пациенти има, има и такви што се испишуваат, но се уште е поголем бројот на приеми“, изјави Филипче по посетата на Општата болница во Гостивар.

На скопските клиники, напомена, се обезбедени болнички кревети, кадарот се ротира и целосно е мобилизиран. На интерните клиники има околу 100 – 120 слободни кревети со кадар кои секој момент може да згиржат КОВИД пациенти.

Поставувањето на Ковид центрите во кои дополнително треба да се згрижат пациенти, како што посочи министерот, ќе оди по приоритет и во зависност од подготвеноста на локалните власти, а за пожртвуваноста на медицинскиот персонал кој од почетокот на пандемијата е ангажиран околу третманот на пациентите, предвидена е награда со ребалансот на Буџетот.

„Херојска е вашата борба да се подготви системот за нешто што никој никогаш не предвидел дека ќе се случи, ниту очекувал. Сакам искрено да ви честитам и да ви се заблагодарам, да укажам дека водиме сметка за секој еден што е вклучен во оваа битка, дека со последниот ребаланс е предвидена награда за сите здравствени работници кои работат со Ковид-19. Да издржиме, сега е најголемата криза, но верувам во вашите способности, во вашата струка и вашите организациски капацитети“, истакна Филипче.

Во болниците во внатрешноста, како што се посочува, има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла, соопштија вчера од министерство.

„Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, стои во нивното соопштение.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ