• Latest

Бројот на жртви од поплавите во Либија надмина 11 илјади луѓе, бесните граѓани бараат истрага

September 15, 2023

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Бројот на жртви од поплавите во Либија надмина 11 илјади луѓе, бесните граѓани бараат истрага

September 15, 2023 10:13
in ВЕСТИ, НЕПОГОДИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Политичари во Либија побараа итна истрага од јавниот обвинител поради катастрофалните поплави во кои загинаа десетици илјади луѓе, меѓу кои и проверка на обвинувањата дека локалните власти вовеле полициски час ноќта кога бурата ја зафати земјата.

Либиската Црвена Полумесечина информираше дека досега загинале повеќе од 11 илјади луѓе, додека уште 20 илјади се водат за исчезнати. Според нив, речиси 2.000 тела биле однесени во морето од поплавите.

Властите во крајбрежниот град Дерна, кој беше најпогоден од поплавите, веруваат дека во катастрофата загинале 20 илјади луѓе.

Повиците за истрага дојдоа од двете страни на поделената држава, која во моментов има источна и западна власт и администрација. Од шефот на Претседателскиот совет на Либија, Мохамед ал-Менфи, кој го контролира источниот дел на земјата, како и Абдел Хамид Дабаиба, кој е привремен премиер на владата со седиште во Триполи.

Ал-Менфи изјави дека сака истрага со која ќе се утврди одговорноста на секој кој направил грешка или не презел акции кои резултирале во рушењето на браните во Дерна.

Додека Либија е под власт на паралелни администрации со години, јавниот обвинител Ал-Сидик Ал-Сур е еден од ретките функционери кој има надлежност над целата држава.

Јавноста е бесна поради наводите од граѓанската војна во 2011 година овие две брани во Дерна не биле одржувани и дека властите ги занемарувале предупредувањата дека браните се наоѓаат во лоша состојба. Дополнително револтирани се и поради наредбите кои ги давала полицијата и безбедносните служби ноќта кога се случила бурата.

Во 2007 година за санација на браните била ангажирана турска компанија, која ја напуштила Либија во 2011 кога започнаа борбите и оттогаш се немаат вратено. Дел од сумата од 39 милиони динари, која била издвоена за поправки на браните во 2003 потоа била повлечена од Министерството за вода. Откако турската компанија ја напуштила земјата нејзината машинерија била украдена, а градежните активности на браните биле запрени, според информациите кои биле споделени со Дабаиба на состанок во Министерството.

Дури во средата во Дерна стигна првата меѓународна помош, по неколку одлагања поради прекините во интернетот и непристапните патишта. При спасувачките операции биле спасени 39 луѓе од рушевините, вклучувајќи и цели семејства. Социјалните мрежи, како Фејсбук, се користеле за да се споделат локациите на оние на кои им било потребна помош.

Во земјата стигнаа спасувачки служби од Египет, Тунис, Обединетите Арапски Емирати, Турција и Катар. Најголемиот дел од нив веќе стигнале во градот. Турција, пак, испрати брод кој носи две монтажни болници, додека Египет испрати спасувачки возила кои помагаат во акциите.

Поради поплавите од Дерна се раселени најмалку 30 илјади луѓе, според податоци од Меѓународната организација за миграција, а водата уништи повеќе пристапни патишта. Локалните власти успеаја да расчистат дел од патиштата за хуманитарните конвои да можат да влезат во опустошениот град.

Tags: катастрофиЛибијанепогоди
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ