• Latest

Бугарија ја отфрли идејата за создавање „туристички Мини-шенген“ со Грција и Романија

February 2, 2024

Кога ВИ-агентот ја бара заобиколната врата: Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 26, 2026

Нема добар ПР за лоша политика

September 26, 2026
Олександар Левченко

Руската флота во сенка ги заобиколува санкциите преку Ламанш

September 26, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи: МВР соопшти дека ИНТЕРПОЛ не бил вклучен, причината за полициското постапување останува необјавена

September 26, 2026
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бугарија ја отфрли идејата за создавање „туристички Мини-шенген“ со Грција и Романија

February 2, 2024 11:53
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Отстранувањето на контролите на копнените граници меѓу Бугарија, Грција и Романија би било спротивно на законодавството на ЕУ и немаме намера да започнуваме официјални дискусии за ваквата нелегална идеја, изјави бугарскиот премиер Николај Денков во врска со предлогот на четворица европратеници од трите земји за создавање „Мини-шенген зона“ од ова лето со цел да се намалат гужвите во сообраќајот меѓу овие балкански членки на Унијата во текот на туристичката сезона.

– Слушам дека има такви предлози, но за нив не разговараат политичките раководства на трите земји, изјави Денков, додавајќи дека Бугарија работи на целосно нејзино вклучување во Шенген зоната врз основа на официјалната процедура.

Според договорот постигнат кон крајот на минатата година со Австрија, која го блокира полноправното членство на Бугарија и Романија во Шенген, од 31 март 2024 бугарските и романските граѓани ќе можат да влегуваат во членките на Шенген зоната без гранични контроли доколку патуваат по воздушен или воден пат, додека контролите остануваат на копнените гранични премини.

Ваквиот договор значи дека државјаните на Бугарија и Романија не би можеле слободно да патуваат во Грција по копнен пат преку премините на грчко-бугарската граница.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, идејата за создавање „Мини-шенген зона“ меѓу трите земји ја иницираа европратениците Даниел Лаурер од Бугарија, Георгиос Кирцос од Грција и Дачијан Чиолш и Влад Георге од Романија, членови на либералната група „Да ја обновиме Европа“, во писмо упатено до грчкиот министер за имиграција и азил Димитрис Кајридис.

Повикувајќи се на поддршката на Европската комисија за прием на Бугарија и Романија во Шенген зоната, европратениците наведоа дека претставниците на грчкиот туризам и на хотелскиот и угостителскиот сектор „инсистираат“ на укинување на контролите на копнените граници, за да се олесни патувањето на романските и бугарските туристи во Грција.

– Во моментов, контролата на копнените граници меѓу трите земји се уште им создава огромни загуби на превозниците и туристите во однос на патните трошоци и потрошените пари и време, се наведува во писмото, при што се додава и дека укинувањето на граничните контроли веднаш ќе ја подобри еколошката состојба во пограничните области.

Идејата на предлагачите беше укинувањето на граничните контроли да важи само на премините на копнената граница меѓу Бугарија и Грција, за што, според нив, не би имало потреба да се бара одобрение од останатите земји членки на Шенген зоната, туку само да се информираат за ваквата одлука.

Tags: БугаријаГрцијамини шенгенРоманија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ