• Latest
Добро утро со Орданоски

Без иднина, што ќе ти е историјата?

February 1, 2018

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и “фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Без иднина, што ќе ти е историјата?

February 1, 2018 08:33
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]К[/dropcap]ако што е познато, си „легнавме на брашно“ по прашањето на важната „историска компонента“ во проектот „Скопје 2014“ – спомениците. Ниту видовме, ниту ќе видиме дислокација или комплетно отстранување барем на некои од мермерните и бронзените кипови на мегаломанскиот проект на Груевски кои со таква густина држат „историски час“ низ центарот на Скопје, што туристичките водичи кои на турски или на англиски јазик ги раскажуваат патриотските приказни за нив, наративот не успеваат да го разделат со точки, туку едвам ставаат по некоја точка-запирка, колку да го одделат 13-от од 19-от век, со македонските војсководци од пред Христа. А и самиот Исус им е во фуснота, оти не можат да се добројат битките и победите во градивото што мора да се помине пешки, од грчката антика, преку Стариот Рим и Византија, до подемот и распадот на Отоманската империја и херојската стогодишна борба на Македонецот до своето конечно ослободување, од Зевс и Прометеј, до Груевски! 

Па, дури ни оној Ќосено, за кого сите се согласни дека е врвот на политичкиот, историскиот, културниот, локацискиот и туристичкиот невкус, уште злокобно се перчи пред судскине згради, за да нѐ потсети дека „долгата рака“ на ВМРО правдата ја спроведувала со касапски нож во сигурните раце на класични социопати. Него можеа и вчера да го тргнат и никој немаше ни да праша каде ќе го однесат.

Што е право, полека почнуваме и да си се навикнуваме на нив, не ги ни забележуваме, фаќаме по некоја долга сенка летоска, а за половината секогаш одново се прашуваме „Кој беше, па, овој, сега?!“…

И таа приказна со спомениците влегува во нашето рутинирано политичко секојдневие во кое не треба да се бранува ништо, за да не се поремети „големата приказна“ за нашите евро-атлантски интеграции. Еве, само што не сме го решиле проблемот со името, а после и онака следува светлата иднина во која допрва ќе дигаме споменици за современите успеси на новата, северна, горна Република Македонија (Скопје). Ќе има во неа многу нови реформатори за во бронза, уште десетина и за од мермер, а некои би можело да се изделкаат и во дрво што ќе го премачкаме со бродски лак, за да траат барем до следната промена на власта.

А јас и понатаму мислам дека, не само што не е особено компликуван зафат, туку дека би било прекрасно восочните фигури од оној Музеј на ВМРО, што е веднаш до кинескиот ресторан од Македонски народен театар, да се претопат во свеќи што би биле донирани на МПЦ за прослава на следното Богојавление, а на местото на таа прилично фалсификувана историска нарација да се востанови Музеј на науката и технологијата на 21-от век! Во него да носиме деца од цела Македонија – кои ќе ги предводат нивните учители, а не како сега, на чело со селските попови – на кои, со возење на електрични автомобили без возачи низ холограмски прикази на тач-скринови и со помош на мобилни апликации ќе им раскажуваме за бескрајниот напредок на науката и за возбудливите визии за иднината, а не за тажните стории од минатото; за тоа дека границите за нивниот успех се високи и зависат од самите нив, а не да им бидат диктирани од некакви политички авантуристи, идеалисти, херои и предавници од пред сто и двесте години. Сигурен сум дека во таа иднина ќе нема пилоти во авионите, за што ние сме веќе политичка авангарда.

Оти, народ што нема иднина, нема потреба да си ја знае ни историјата, па макар таа била и најславна на светот.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: иднинаисторијаполитикаСкопје 2014
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ