• Latest
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Чекајќи го убиството на следниот Ќурувија

November 24, 2025

Парите и постизборна Србија: Сомнежи за трансфери кон Скопје и Москва, Алта банка под лупа

October 29, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ

Чекајќи го убиството на следниот Ќурувија

Денес попладне во Белград новинарите од сите белградски редакции ќе протестирасат против нападот врз екипата на телевизијата N1 во центарот на главниот српски град

November 24, 2025 13:23
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ, РЕГИОН, СТАВОВИ, ТОП 5
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Специјалното издание на „Вести во боја“ ќе се снима вечерва во близина на Ќациланд, на местото каде што претходно ќе се одржи протестот на новинарите поради нападот врз екипата Н1. Авторот и водител Жељко Вељковиќ изјави во „Нови дан“, утринската програма на оваа телевизија, дека не се согласува дека вршењето новинарска работа на која било улица во Србија треба да биде прашање на храброст.

Средбата со барање за слобода на известување е закажана за вечерва во 19 часот пред српскиот Парламент, објави Независното здружение на новинари на Србија (НУНС).

Собирот ќе се одржи како израз на професионална солидарност со екипата на оваа телевизија нападната токму на тоа место, како и со сите новинари кои беа цел на напади во минатото додека известуваа во јавен интерес.

На новинарите им беше кажано да дојдат со камери и телефони – симболично и буквално – „за да ја завршиме нашата работа на лице место: да документираме, да поставуваме прашања, да ги евидентираме фактите“.

Екипата на емисијата „Вести во боја“ по протестот ќе започне со подготовки за директен пренос од местото каде што беше нападната екипата N1.

Авторот Жељко Вељковиќ рече дека од неколку причини токму овој напад бил најстрашниот.

„Се случи среде бел ден, кога еден човек веќе осудуван за убиство ги нападнал нашите колеги. Тој не ја напаѓал камерата, туку екипата на N1. Присутните полицајци што ги имало во доволен број немо набљудувале и чекале напаѓачите (од снимките се гледа дека биле повеќе од петмина) да си заминат без да ги сопрат или идентификуваат“, рече тој.

Како што оцени Вељковиќ (на сликата) ова е само предупредување дека ќе се случи и убиство на некој нов Ќуривија (убиство на новинар пред неговиот дом за кој не се диференцираа убијците и налогодавачите пред 26 години- н.з.)

„Ова е пресметка со медиумите. До сега ваков напад не сме имале”, оценува тој.

Како што рече, вечерва ќе се оди пред Ќациленд, за да се докаже дека тој простор е на сите граѓани (се работи за Пионерскиот парк).

„Доаѓаме без намера да провоцираме никого и ги молам сите да не го прават тоа, бидејќи тоа не би била добра порака ниту за нив. Не се согласувам да имам храброст да си ја работам работата на која било улица во мојата земја“, нагласи тој.

Пораката, рече тој, е да им кажам на сите колеги дека сме со нив.

„Н1 поминува многу повеќе време на терен, новинарите се повеќе експонирани. За нас е важно да знаат дека сме со нив и да покажеме дека нема да се повлечеме откако ќе се скрши една камера. Не, ние ќе известуваме подеднакво се додека имаме камера и глава, а сега сте добредојдени ако сакате да ни ги скршите камерите и главите“, рече тој.

Во продолжение на „Новиот ден“, утринската програма на оваа телевизија се откри дека дека еден од напаѓачите е осуден на долгогодишна казна затвор за убиство, а вториот исто така е осуден на иста таква казна, но додека ја отслужувал во затворот убил друг осуденик само затоа што бил Ром. Требал да отслужи вкупна казна од 19 години. Како се нашле обајцата на слобода не е јасно!


Преземено од Фејсбук профилот на авторот.


ЦИВИЛ МЕДИА | Ставовите и наодите во овој текст се целосна одговорност на авторите и не нужно ги претставуваат ставовите на донаторите или на другите партнери и соработници на организацијата.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ