• Latest

Четири партии во коалицијата Европски Фронт

March 26, 2024

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Четири партии во коалицијата Европски Фронт

March 26, 2024 10:58
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателите на четири партии вчера во Тетово потпишаа договор за коалицирање на претстојните парламентарни избори, пренесе МИА.

За коалицијата наречена Европски фронт со потпис се обврзаа Али Ахмети од Демократската унија за интеграција (ДУИ), Мендух Тачи од ДПА, Аријанит Хоџа од Европска демократска партија и Скендер Реџепи-Зејди од партијата Народно движење.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети рече дека очекува голема победа, која ја оцени како најголема кај Албанците во Македонија од независноста на држава.

– Ова е вистинскиот момент ние да бидеме заедно во заеднички фронт и овој фронт ќе биде непобедлив и не привремен до реализирање на нашите цели, до членство во ЕУ. Треба да се приклучат и нашите сограѓани Македонци бидејќи не сум видел за иднината на оваа земја поголема одговорност од албанските политички субјекти. Овој фронт не се прави за партиски или лични придобивки, овој фронт се прави за да триумфира во мисии и нашата земја го има местото во ЕУ како што сме во НАТО, истакна Ахмети во обраќањето по потпишувањето на договорот.

На новинарско прашање што нуди оваа коалиција за граѓаните, Ахмети кажа дека тоа е членство на државата во ЕУ, а ги посочи и проектите за поголеми плати и стандард.

Зошто ДУИ се обединува со другите партии кога Ахмети во минатото им порачуваше да се обединат против неговата партија, беше прашањето за кое политичарот повтори дека обедувањето е со цел Европа.

– ДУИ сама можела да победи на овие избори. Не реков јас, туку тоа го рече Мендух Тачи, предмалку. Но ова е вистински момент во вистинско време да се каже Не за Русија, Да за Европската унија и треба да бидеме обединети во овој фронт, истакна Ахмети.

Лидерот на ДУИ потврдно одговори на прашањето дали Алијанса за Албанците ќе се приклучи на Европски фронт.

-Сигурно следните денови ќе успееме да го материјализираме договорот и ќе не видите овде заедно. Сите секако дека чекор по чекор се прават нештата, истакна претседателот на ДУИ.

Мендух Тачи од ДПА рече дека ризикот што му се заканува на Балканот и на земјава е руската агресија на цивилизираниот свет, преку, како што кажа, „инсталираните раце во Србија и Македонија“.

– Ова обединување е да се спречи таа политика за да дојде и во Македонија. Бара од нашиот народ да се изгласа со број од 30 пратеници за да оневозможиме руската политика да се институционализира во Република Северна Македонија. Никој од нас не е ангел, но сме ве убедиле дека не ја пречекориле црвената граница, од политички и национален аспект. Стотици илјадници луѓе се жртвувале за овој интерес. Кога нашиот кандидат за претседател убедливо ќе го победи неговиот противкандидат, македонската опозицијата знам дека ќе го смени речникот но може да е доцна за нив. Можам дека сфатам дека политички изјави носат поени но народот вели претераната шега преминува во трагедија, рече Мендух Тачи.

Според Аријанит Хоџа, целта на Европскиот фронт ги надминува тесните или лични интереси.

– Ова обединување што ние го правиме е од историска вредност кое ќе донесе бришење на граници помеѓу браќата и со тоа ќе покажеме дека сме дел од западната цивилизација кои ја граделе нашите предци, рече Хоџа.

Скендер Реџепи-Зејди Народно движење порача дека ова заедничко тело на повеќе политички субјекти нема друга алтернатива и дека фронтот ќе се прошири во иднина.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ