• Latest

Човештвото пред избор: Соочување со деструкцијата и рамнодушноста или уништување на цивилизацијата

December 30, 2024
Христијан Мицкоски, 2022 (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

Мицковски и неговите говори: Просто да ти е милина што сме „скандинавска земја“

May 9, 2025

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Човештвото пред избор: Соочување со деструкцијата и рамнодушноста или уништување на цивилизацијата

Во време кога глобалниот поредок се распаѓа, а светот е на работ на уништувањето, човештвото се наоѓа пред критичен избор: да се соочи со разорните последици на деструкцијата и рамнодушноста или да продолжи да ги игнорира заканите против опстанокот на цивилизацијата. Клучното прашање сега е: Дали светот има сила и волја да се издигне над хаосот и да ја обнови демократијата и правдата или ќе продолжи да пропаѓа?

December 30, 2024 12:20
in АНАЛИЗИ, ДЕМОКРАТИЈА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Некој ќе рече, изминува тешка година. Да, тоа не може да биде поточно. Всушност, ќе биде најточно ако кажеме дека изминува една исклучително тешка петолетка. Пет години се период кога се спроведуваат стратегии на цели држави и сојузи од држави, се трансформираат општества, се менува ликот на целата планета. А тој период зад нас е навистина мрачен.

Според Worldometer, КОВИД-19 пандемијата однесе седум милиони животи[1]. УНХЦР во јуни пресмета дека 122,6 милиони луѓе во светот биле принудени да го напуштат својот дом, а од нив 43,7 милиони се бегалци[2]. Речиси една третина од бегалците доаѓаат од само две земји, 6,7 милиони од Украина[3], 6,3 милиони од Сирија[4]. Сиромаштијата и гладот[5], бруталните воени агресии и конфликти, и вртоглавиот подем на мрачните идеологии го разоруваат глобалниот поредок и ги разгоруваат општествените поделби и тензии. Насилството, стравот и омразата станаа секојдневие и во земјите што не се директно погодени од војна или други екстремни состојби.

Светот се соочува со неволји што се чинеа незамисливи до пред само пет години. Беше доволно да се види како глобалната здравствена криза, Ковид-пандемијата, целосно ги соголи тешките грешки и недостатоци во државните и меѓународните системи за заштита на населението[6]. Таа уште повеќе го разобличи трагичната реалност. Јазот меѓу сиромашните и богатите постојано се продлабочува, како меѓу државите, така и во самите земји, не само во контекст на ковид-пандемијата, туку и во сите други сектори како што се економијата, социјалната заштита, здравството и животната средина. Длабоките разлики меѓу државите и внатре во општествата, директно ги засегнува и секторите на безбедноста, образованието и квалитетот на животот, при што најранливите популации го поднесуваат најголемиот товар на овие нееднаквости.

Агресијата што го промени светот: Како изгледa денешниот свет?

Глобалната поларизација и тензиите дојдоа уште повеќе до израз по руската брутална воена агресија против Украина. Всушност, тоа го промени светот каков што го познаваме. Но колку и да се грозоморни и фатални, воените злосторства и геноцидната стратегија против украинскиот народ остануваат само фрагменти од мозаикот на хаосот и страдањето. Конечно, руската целосна инвазија против Украина, го принуди Западот да се соочи со суровата реалност дека Москва веќе одамна води хибридна војна против слободниот свет.

Мрачната слика за светот ја запечати војната во Газа[7] каде што воените злосторства и етничкото чистење станаа секојдневие за Палестинците. Повеќе од 45.000 загинаа, а 1,9 милиони (90%) беа раселени лица за нешто повеќе од една година во војната што ја поведе израелската армија по терористичкиот напад на Хамас во кој загинаа повеќе од 1.200 Израелци[8].

Овие конфликти се дел од листата со повеќе од 110 оружени воени конфликти во светот денес, според Женевската Академија[9]. Некои од овие конфликти се речиси невидливи за светската јавност, додека други доминираат во агенциските тикери. Голем број од нив започнаа или беа обновени во изминатите неколку години, додека некои траат повеќе од половина век. Руската воена агресија, како и оние конфликти што уследија, односно се интензивираа на Блискиот Исток, ги потресоа темелите на меѓународното право. Паралелно со војните, светот е под удар на национализмот и авторитаризмот[10] кои ѝ се закануваат на демократијата во Европа и низ целиот свет.

Кризи вкоренети во историјата и системските проблеми: Недостигот од политичка волја и вистинско лидерство

„Темелите на меѓународното право и мултилатералната соработка се во сериозен ризик од колапс поради кумулативните неуспеси на политичкото лидерство. Се соочуваме со најопасниот момент од Втората светска војна наваму“, се наведува во изјавата од состанокот на Бордот[11] на The Elders во Сао Паоло на 29 мај 2024 година. Ова е повеќе од точно – меѓународното право се распаѓа со секој изминат ден.

Не е доволно да ги согледаме причините и последиците од ужасната криза во која се наоѓа светот. Не е доволно дури ни да кажеме дека решенија постојат. Решенијата се познати – тие биле и се елаборирани и промовирани многу пати досега. Кризите на денешницата имаат длабоки корени во меѓународниот систем, историјата и нерешените прашања меѓу народите. Она што навистина недостасува е политичка волја и вистинско лидерство за да се спроведат тие решенија. На пример, Москва би можела денес да одлучи да ја заврши војната и да ги повлече своите сили на агресијата зад меѓународно признатите граници на Украина.

Истражувачите, експертите, аналитичарите, креаторите на јавното мислење и активистите постојано нудат решенија и модели за надминување на историските и сегашните кризи, како и нови рамки за соработка, отпорност и солидарност. Попусто.

Трагичните кризи за кои овде зборуваме, не само што можеше да се предвидат, туку светот има ресурси и да ги спречи или ублажи. Но тоа не се случи. Моќните и богатите можеа да ги препознаат сигналите на злокобната операција на ФСБ и нејзиниот агент, Владимир Владимирович Путин. Агресивната политика на Кремљ и методите на хибридно војување беа очигледни долго пред да кулминираат во војна и глобални потреси. Предупредувања доаѓаа од сите страни – од Украина и балтичките држави до граѓански организации како ЦИВИЛ во Северна Македонија и други –  но мејнстрим политиката, бизнисот и медиумите, па дури и граѓанското општество, не беа спремни да ги отворат очите.

Повеќе од реторички предупредувања од минатото

Не, ова не е параграф од типот I told you so. Светот доби повеќе од доволно предупредувања за тоа што ќе се случи со светот ако се дозволи подемот и јакнењето на Путиновата диктатура и воено пропагандна машинерија уште на почетокот на првата деценија од новиот милениум. Воените интервенции во Грузија 2008, Украина во 2014, како и низа други во тој период – кои кулминираа со систематското ширење дезинформации и корупција – јасно сигнализираа кои се следните чекори на рускиот диктатор и злосторник. Но, наместо да се спротивстават на овие тактики, голем дел од европските и светските лидери избраа да замижат[12], а сѐ што диктитираше Кремљ – да го нормализираат (!).

Таквата политика на занемарување на очигледното, создаде плодна почва за ширење на авторитаризмот, национализмот и поларизацијата кои денес ја претвораат светската стабилност во спомен. Едноставно, светот не беше подготвен да учи од своите грешки. Замижувањето пред фактите, заштитата на бизнис интересите и профитите на најмоќните, придружено со дипломатски насмевки и неспособност да се согледаат последиците од хибридните операции и корумпирањето на елитите, придонесе кон слабеење на отпорноста на демократиите во целина. Така, една грешка водеше во друга, уште поголема од претходната, и така во недоглед.

Поранешната југословенска федерација: Јасна илустрација на слабостите на Европа и ранливоста на посткомунистичките општества

Приказната за поранешната комунистичка федерација на Балканот претставува јасна илустрација за слабостите на Европа, а уште повеќе за ранливоста на посткомунистичките општества. Регион кој некогаш ветуваше да биде симбол на обновата со меѓународна помош и дипломатски напори, по трагедијата со крвавиот распад на Југославија, наместо тоа, стана жртва на локалните олигархии, политичката неписменост, национализмот и корупцијата. Болестите на неуспешната транзиција и војните оставија длабоки рани, создавајќи хаос во кој демократијата никогаш целосно не пушти корен.

На таква нестабилна почва, крвожедната московска мечка најде погодно тло за влијание. Старите југословенски републики, кои некогаш со презир гледаа кон рускиот модел на тиранија, постепено станаа плен на дезинформации, политички манипулации и економски и военополитички влијанија диригирани од Кремљ. Се разбира, тука се и други големи играчи, како Пекинг, Анкара и блискоисточните центри на моќта. Така, декларираната прозападна, евроатлантска ориентација на ексјугословенските држави (со исклучок на Србија која нема намера да се приклучи кон НАТО), бледнее пред пропагандното цунами од Русија. За сето тоа време, регионот е примател на неспоредливо повисоки суми на пари за обнова и развој од Западот, отколку тоа што доаѓа од Истокот, кој главно нуди сомнителни инвестиции од Русија и кредитно ропство од Кина.

Децениската одбивност кон Москва, заменета со податливост пред нејзината пропаганда и корупција, е трагедија самата по себе. Тоа ја нагласува не само ранливоста на посткомунистичките општества, туку и неспособноста на Европа и Западот да изградат одржлив модел на демократија и стабилност во регионот.

ПЕРСПЕКТИВИ: Неминовната закана од глобален конфликт и трошките на кревката чинија на надежта

Кондолиза Рајс, поранешна државна секретарка на САД, во октомвриското издание на престижното списание Foreign Affairs навести дека ни претстои период кога е можен директен воен конфликт меѓу суперсилите[13]. Таков конфликт ќе има незамисливи последици врз целиот свет.

Геополитичките тензии меѓу суперсилите се засилуваат и заедно со агресивниот експанзионизам на регионалните сили ја означуваат алармантната патека кон катастрофален глобален конфликт, со највисок степен на веројатност за директен конфликт меѓу Русија и НАТО[14]. Со интензивирањето на трката во вооружување и нуклеарната реторика што преминува во застрашувачка реалност – како што сведочи лансирањето на балистички проектили со долг дострел со капацитет за нуклеарно полнење против цивилите во Украина – можностите за погрешна проценка или намерна провокација на глобален конфликт стануваат сè поголеми. Светот се наоѓа на работ, каде што една грешка би можела да предизвика разорување со незамисливи размери.

Во отсуство на ефикасни меѓународни механизми за спречување конфликти, прокси војните, хибридните операции и територијалните спорови можат да ескалираат во директни конфронтации, уништувајќи безброј животи, економии и екосистеми ширум светот, оставајќи неизбришливи траги.

Меѓу трошките што се на кревката чинија на надежта, е неопходноста слободниот свет да спроведе проактивна дипломатија, обединувајќи ги демократските нации за да ги почитуваат и имплементираат меѓународните норми без компромис. Пролонгираните политички дебати околу доделувањето на членството на Украина во НАТО служат како јасно потсетување дека двоумењето и неодлучноста го отвораат патот кон трагедиите.

Неуспешната мисија на Обединетите нации во целина претставува уште еден пример за тоа како меѓународните норми и закони буквално се исмевани, злоупотребувани и манипулирани од авторитарните актери како Русија. Без значителни реформи, ОН ризикуваат да продолжат да ја губат својата релевантност во справувањето со современите глобални кризи.

Само длабоко реформирани Обединети нации, заедно со зајакнат и поагилен НАТО, може да одиграат суштинска улога за обезбедување на поголема ефикасност во спречувањето на претстојната катастрофа. Глобалните институции мора да еволуираат за да се соочат со претстојните закани со решителни акции, оставајќи без простор за двосмисленост.


[1] [1] Worldometer, Coronavirus, Last updated: April 13, 2024, 01:00 GMT, https://www.worldometers.info/coronavirus/

[2] [2] UNHCR, Figures at a glance, end of June, 2024, https://www.unhcr.org/about-unhcr/who-we-are/figures-glance

[3] [3] UNHCR, Ukraine Emergency, https://www.unrefugees.org/emergencies/ukraine/

[4] [4] World Vision, Syrian refugee crisis, Nov. 2024, https://www.worldvision.org/refugees-news-stories/syrian-refugee-crisis-facts

[5] [5] WHO, Hunger numbers stubbornly high for three consecutive years as global crises deepen: UN report, July 24, 2024, https://www.who.int/news/item/24-07-2024-hunger-numbers-stubbornly-high-for-three-consecutive-years-as-global-crises-deepen–un-report

[6] [6] UN SDSN, The Lancet Report, Sept. 15, 2022, https://www.unsdsn.org/news/the-lancet-new-report-details-massive-global-failures-of-covid-19-response-calls-for-improved-multilateral-cooperation-to-end-pandemic-and-effectively-manage-future-global-health-threats/

[7] Human Rights Watch, Nov. 14, 2024, https://www.hrw.org/report/2024/11/14/hopeless-starving-and-besieged/israels-forced-displacement-palestinians-gaza

[8] CSIS, Hamas’ October 7 Attack, Dec. 19, 2023, https://www.csis.org/analysis/hamass-october-7-attack-visualizing-data

[9] Geneva Academy, Today’s Armed Conflicts, https://geneva-academy.ch/galleries/today-s-armed-conflicts

[10] Freedom House, Reflecting on 2024: A Challenging Year for Democracy and Freedom, Dec. 18, 2024, https://freedomhouse.org/article/reflecting-2024-challenging-year-democracy-and-freedom

[11] The Elders, The Elders warn that failures of political leadership risk collapse of international order, May 29, 2024, https://theelders.org/news/elders-warn-failures-political-leadership-risk-collapse-international-order

[12] The New York Times, Twenty Years of Putin Playing the West in 3 Minutes | NYT Opinion, May 24, 2022, https://youtu.be/pCCTf17ZiIs.

[13] Condoleezza Rice, “The Perils of Isolationism,” Foreign Affairs, September/October 2024.

[14] Rich Outzen, “Pacing scenarios”, Atlantic Council, December 3, 2024, https://www.atlanticcouncil.org/content-series/ac-turkey-defense-journal/pacing-scenarios/


ПРОДОЛЖУВА: Дел 2 – Невиден подем на авторитаризмот и визии за времето по кризата


Наслов на верзијата на англиски јазик, објавена на 30.12.2024: A Test of Humanity’s Strength: Conflicts, genocidal wars, and authoritarianism – can the world overcome the darkness? [ЛИНК] CIVIL TODAY 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: безбедностглобални прашањадемократијапрогнозичовекови права
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ