• Latest

Храбри битолчанки на сцена ќе зборуваат за нивното соочување со ракот

February 23, 2018
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Храбри битолчанки на сцена ќе зборуваат за нивното соочување со ракот

February 23, 2018 09:08
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Пред неколку години протестите поради загадениот воздух почнаа токму од Битола и токму од причини, кои колку и да се чувствителни, уште повеќе се загрижувачки. Станува збор за болните од рак.

Од 2015 година во Битола функционира здружението „Центар за психо-социјална поддршка и истражување – ОДРАЗ“, формирано како резултат на потребата да има еден вид на психо-социјална поддршка за болните од рак.

Иако се работи за една од целните групи на граѓани кои се чувствителна тема на разговор и е ранлива, околу 30 битолчанки досега се одважија и почнаа да разговараат за своите проблеми.

Групата функционира со различни психолошки и социјални активности, а по потреба се организираат и психијатриски консултации доколку се потребни индивидуално, но во многу голем дел учесниците сами на себе си даваат еден вид поддршка на социјално ниво.

„Болните се соочуваат со многу тешкотии во општествената средина и во секојдневното живеење, особено на работните места. Нашата група така се испрофилира и сите членови се жени, а најголем дел од жените кои доаѓаат и се активни во здружението работеле во конфекциски компании. Со оглед на тоа што кај жените најчеста малигна болест е ракот на дојка, се случува да имаат потешкотии да извадат такви норми какви што претходно можеле, со оглед на тоа што раката не е толку функционална за да може да работат со иста брзина и прецизност како што можеле претходно и се случува да не можат веќе да ги задоволат барањата на работното место и да не можат да ја вршат работата. После тоа, многу тешко наоѓаат работа дополнително“, вели Гордана Ристевска од здружението „ОДРАЗ“.

Болеста предизвикува доста финансиски потешкотии, дури и кога пациентите се во некој стадиум на преживување, кога се смета дека најлошото веќе поминало, сепак има доста финансиски оптеретувања, бидејќи сите земаат различни препарати кои се на природна база или пак за зајакнување на имунитетот кои се доста скапи, а многу е тешко да се добијат информации дали тие препарати се корисни, штетни и потенцијално дали може да направат проблем во комбинација со другите лекови кои ги примаат.

„Се случува заради болеста работодавачите да ги избегнуваат овие работници од страв од долготрајни боледувања и целиот товар кој болеста го носи околу овие луѓе. Од институциите во моментов немаме помош, соработуваме доста со онколошкото одделение во Битола и со некои други невладини организации и граѓански здруженија кои се занимаваат со психо-социјална поддршка. Би било многу добро доколку имаме финансиска поддршка, но и правна поддршка од некои институции како Центарот за социјални работи, Општината би можела да помогне за да може овие активности да станат достапни за поголема група на граѓани на кои им е потребна“, истакнува Ристевска.

Во општеството се уште владее страв од оваа болест, постои стигматизирање на болните во видот на тоа дека самите придонеле во добивањето на болеста, но предрасудите се намалуваат.

„Се соочуваат со многубројни проблеми. Најпрво, без исклучок се соочуваат со стравот дека болеста ќе се врати или дека ќе се влоши. Потоа, се соочуваат од време на време и со симптоми на депресија или имаат и клиничка депресија, се појавуваат и други психијатриски симптоми како анксиозност, се појавуваат и брачни проблеми поради промените на телото, промените во целокупната комуникација помеѓу партнерите. Финансиски проблеми се појавуваат исто така, многу често не се информирани што институциите имаат како можност за ваквите болни“, заклучува Ристевска.

Храбрите членови на ова здружение најдоа уникатен начин да ја актуелизираат оваа тема. Имено, во соработка со режисерката Софија Ристевска, во моментот се работи на претстава во која ќе играат шест жени членови на ова здружение кои професионално не се актерки, а во претставата ќе зборуваат и ќе раскажуваат за своето секојдневие и за нивната борба со оваа болест. На овој начин, од здружението се надеваат дека ќе се подигне свеста во општеството, но и дека ќе наидат на слух кај институциите.

Групата се собира секој втор понеделник во хотел „Театар“ во Битола.

Марјан Николовски

Tags: Битолаболни од ракОдразсценатеатар
Share114TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ