• Latest

Чупеска: Едно општество за сите е многу благородна идеја, за жал не може да добие таква видливост поради етнонационализмот присутен и во македонскиот и во албанскиот блок

January 19, 2023

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Чупеска: Едно општество за сите е многу благородна идеја, за жал не може да добие таква видливост поради етнонационализмот присутен и во македонскиот и во албанскиот блок

January 19, 2023 13:00
in ИНТЕРВЈУ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Едно општество за сите и интеркултурализам е многу благородна идеја, за жал не може да добие таква видливост поради етнонационализмот присутен и во македонскиот и во албанскиот блок, а оваа стратегија се создаде да се унапреди националистичкиот тон што за жал се уште е присутен кај некои од политичките субјекти, а тоа не и носи добро на земјата бидејќи во нашиот систем го имаме Рамковниот договор кој е дел од конституцијата кој има широка примена, а тоа е сосема доволно за да имаме мултикултурна демократија, а секоја злоупотреба на истиот во политички цели е погубно за сите, дури и за тие за кои е најмногу наменет, вели за ЦИВИЛ медиа професорката од Правниот Факултет Ана Чупеска.

-Изненадување за мене беше изјавата на Изет Меџити кој вели „ДУИ го трампаше Рамковниот договор за мултикултурализам“ , а оваа изјава треба да ја дообјасни, бидејќи не можело да има било какво трампање кога овој договор има широка примена, а исто така не може да се трампа за мултикултурализам бидејќи тоа е суштина на Рамковниот договор и е прифатен во светски размери. Што значи дека ако Меџити не се дообјасни има сериозен националистички тон, но ако е лапсус исто така треба да дообјасни, но ваквите изјави не носат добро. Можеби има во ДУИ внатрепартиска пресметка но сериозноста на оваа изјава во поширокото општество треба да се има во предвид бидејќи може да креира етно популизам, објаснува таа.

Според Чупеска  додека се занимаваме со вакви политички изјави, застаруваат коруптивните дела на претходната власт и имаме голем степен на неказнивост што го ослабува и судскиот и политичкиот систе.

-Популизмот е старо прашање исто колку што е и демократијата, што во основа претставува владеење на народот, но етикецијата народ се злоупотребува во сите демократии вклучувајќи ги и поновите демократии кои припаѓаат на Југоисточна Европа, што значи дека тука малку е зголемено влијанието на пополузимот, пред се поради малото искуство со демократијата и второ придобивките за елитите кои ги носи популизмот, тоа значи дека тој е позастапен во поновите демократии кои неретко добиваат квалификација и либерални демократии и хибридни режими, впрочем и ние имавме епизода од еден од авторитарен популизам и таа варијанта е многу позагрижувачка од другите, појаснува Чупеска.

Според неа од овој таканаречен авторитарен популизам не е само сведено на кампања и реторика, туку практично значи системски интервенција, поточно самиот систем го модификува да биде во корист на авторитарните лидери, она што го именуваме како режимски инсталации токму тоа е последица од авторитарниот популизам и од авторитарното владеење.

-Тие системски интервенции и систематски инстанци се  се уште се активни. Популизмот го злоупотребува поимот на народот во аспект на плебицитарна поддршка, желбата на народот е омилената фраза на популистите, наместо тоа ние мора да се занимаваме со граѓаните, затоа што тие се тие кои се во контекстуален однос со државата во смисла на заштита на правата и слободите на граѓаните, а народот станува флоскула за злоупотреба на лични партиски, авторитарни цели, вели таа.

Според Чупеска пред се мора да имаме свест за тоа што значи демократија, а демократијата не е дестинација еднаш да стигнеш и тука да застанеш туку бара континуирано надградување, и тоа не е типичнио само за нашата средина , тоа се случи и во САД на пример со претходниот претседател Доналд Трамп при нападот на Капитол Хил, слично нешто се случи со Болсонеро во Бразил, тоа се некои континуирани предизвици на демократијата, токму поради злоупотребата на компонентата народ и оттука мора да има дебата, плуралност на мислењата, во смисла на аргументирана дебата, да не се занимаваме со приказни надвор од реалноста како Бугаризација, Албанизација и слично, напротив со конкретни теми каде ќе има размена на мислења, размена на визијата за тоа каде оди една демократија и само на тој начин може да се еманципира граѓанството да размислува за својата иднина и да делува согласно својата визија за иднината

-Типичен пример за ова е дебатата за Европската унија, а всушност има или нема дебата? Некои од политичките фактори даваат мешани сигнали, не велат јасно не сме за ЕУ и НАТО, освен некои маргинални фигури но сите дејствија за таа агенда ги бојкотираат. Имаат ли визија за наредните 20, 50 години каде сакаат да ја видат државата. Тоа не е дебата, тоа е инфантилност, а кога се зборува за дебата политичарите треба да го кажат ставот јасно и гласно, вели професорката.

Како што додава таа на секоја демократска земја и треба опозиција која ќе биде конструктивна, тоа не значи дека се треба да поддржува но секако да има став по круцијалните прашања во државата и  да биде контратежа на власта.

-Кај популизмот и кај авторитарниот популизам крајната консеквенца се виде со Путин, до каде тоа може да доведе, значи деформациите на демократијата, ако не пресретнат со јаки либерални институции и слобода на медиуми, лесно може да се деформираат, и прво доаѓа популизмот, аавторитаризмот и последната фаза е тоталитаризам, како што се случило со фашизмот. Демократијата сама по себе не е доволна за артикулирање на слободата, затоа зборуваме за либерална демократија, и тоа значи дека системската интервенција не е само во проголтување на државните ресурси туку и општествените, вели таа.

Како што појаснува Чупеска во времето на Груевски кое не беше тотатилтарен, туку авторитарен режим медиумите беа алатка на власта, прво беа зависни финансиски од државното буџетирање и во голем дел овој систем се овозможува и од медиумите.

Според неа втора инстанца е судството, како тогашниот случај кога беа разрешени голем број на судии и тогашниот режим направи свои инсталации, а извршната власт ги презеде работите во партиска смисла па наместо МВР добивме МВРО и така како што појаснува таа, дел по дел институциите се окупираат и работат во полза на авторитарниот лидер и партијата и тоа ако не се спречи на време, ама за тоа се потребни јаки независни институции кои ќе го спречат тоа.

Соња Танеска

Камера/монтажа/фото Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Tags: “едно општество за сите“ГруевскипопулизамтоталитаризамЧупеска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ