• Latest

Да ги закопаме сенките на минатото!

January 15, 2017

Кога ВИ-агентот ја бара заобиколната врата: Што навистина откриваат инцидентите на OpenAI

September 26, 2026

Нема добар ПР за лоша политика

September 26, 2026
Олександар Левченко

Руската флота во сенка ги заобиколува санкциите преку Ламанш

September 26, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи: МВР соопшти дека ИНТЕРПОЛ не бил вклучен, причината за полициското постапување останува необјавена

September 26, 2026
UR-82072, the most likely An-124 involved in the drone target (By André Gerwing, CC BY-SA 4.0)

ИЗВЕШТАЈ ОД СИВИТЕ ЗОНИ: Европа и Балканот, мета на засилените руски операции под прагот на војна

September 25, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026

Граѓански форум: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите?

September 25, 2026
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Да ги закопаме сенките на минатото!

January 15, 2017 18:31
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Измина повеќе од месец, но со бурните политички случувања, како вчера да беше гласањето за предвремените парламентари избори во Македонија. И, како се чувствувам?  

16118635_10154118910001231_2134140586_n
Пишува: Климентина Ѓорѓиоска

Поразочарано од периодот пред да почне предизборната кампања, тогаш барем сé уште имав скромна надеж за креација на едно големо граѓанско општество и за позитивни промени. Сега, се чувствувам заробена во канџите на национализмот, којшто не ми дава да дишам, ми го опструира рационалното размислување, ми го девалвира интелектот.

По објавувањето на Платформата на трите албански политички партии, а претходно, со жестоката националистичка реторика на ВМРО- ДПМНЕ и на експремиерот  Никола Груевски, гледам како меѓуетничките односи, градени со максимална почит и емпатија, особено во последниве две години, се уриваат, зашто недостигот на трпение и зрелост не им дозволува да прераснат во нешто максимално убаво – држава каде ќе владее принципот на граѓанска еднаквост. По толку лекции од нашето блиско минато, од минатото на соседните држави, се прашувам зошто сé уште не ги апсолвиравме работите на правилен начин, дали е толку тешко да практицираме мирен соживот и етничка кохезија?!

Национализмот никогаш не резултирал со ништо добро, па нема ни сега. „НИЕ и ТИЕ“ е најбитниот момент на политичката онтологија, тука се артикулираат поделбите, говорот на омраза, пропагандата, фашизмот…

Упорно одбивам да бидам дел од ова,  особено поради тоа што сум горд дипломец на политички науки, на факултет каде најголем дел професори се левичари, а пред сé луѓе во вистинска смисла на зборот. Но, иако се чувствувам имуна на ваквите негативни општествени феномени, не можам да речам дека сум индиферентна кога гледам како луѓето ја потенцираат својата национална припадност, пред граѓанската и човечката димензија, особено во мултиетничка држава како Македонија.

За да ги закопаме сенките на минатото, да отвориме нова страница во пишувањето на македонската реалност, апелирам да ја подобриме интеграцијата на сите неинтегрирани граѓани во оваа држава, без разлика на националноста, буквално на сите. Давајќи и екслузивитет на релацијата Македонци – Албанци, забораваме дека во оваа држава живеат и Роми, Власи, Турци, Бошњаци, Срби…, граѓани кои поради неповолните елементарни услови за живот, поради својата неинтегрираност во македонското општество, и тоа граѓани од сите националности, со бугарски, хрватски, германски и други „европски“ пасоши, ја напуштија Македонија. Што сакаме ние во 21-от век? Да го вратиме национализмот повторно да ни биде единствена храна на нашата маса? Празни градови и села, разгорување на национална нетрпеливост?

Или, општество на интегрирани граѓани, едуцирани генерации, економски развој и благосостојба, држава во којашто ќе се биде горд на убавините на диверзитетот.

Цело и најубаво е кога има се!

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕдиверзитетмултиетничка МакедонијанационализамНИЕ и ТИЕНикола Груевскиплатформа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ