Соговорничката на ЦИВИЛ Медиа, Македонка која пред 50 години трајно се иселила во Швајцарија, до денес редовно доаѓа во посета на Македонија, но само затоа што тука живеат нејзините роднини. Таа е целосно разочарана од начинот на којшто функционира системот во Македонија. За многу процедури, при комплетирање на разна документација, таа смета дека одат бавно, а за некои дека дури и немаат смисла.
„Доаѓам во Македонија зашто имам фамилија, браќа, сестри… Но, да немам фамилија, не би доаѓала. Би дошла на одмор, недела – две, но не повеќе …“, децидна е нашата соговорничка.
Таа воопшто не е заинтересирана за внатрешната политика во државата, најмалку за тоа која партија е или ќе биде на власт, зашто е цврсто убедена дека сите партии и политичари имаат исти мотиви, преку власт, да дојдат до што поголема моќ и пари!
Новинар и монтажа: Моника Талеска
Камерман: Дехран Муратов