• Latest

Да се укинат и другите привилегии на функционерите; укината апанажа или „многу врева за ништо“; пекарите продолжија со неиспорака на леб

March 2, 2023
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Нашето и бугарското мочуриште на пасивноста

October 20, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

РЕАКЦИИ: Граѓаните со поддршка за протестите на младите во Европа, но со осуда за насилството

October 20, 2026
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Да се укинат и другите привилегии на функционерите; укината апанажа или „многу врева за ништо“; пекарите продолжија со неиспорака на леб

March 2, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ: Не само апанажите, да се укинат и неразумните трошења и привилегии на функционерите

ЦИВИЛ ја поздравува судска одлука за укинување на апанажите на функционеритеа кои ќе бидат разрешени или ќе си дадат оставка. Одлуката ја донесе Уставниот суд на седницата на 1 март 2023 година. Уставните судии го укинаа членот 22 од Законот за плата и другите надоместоци на избрани и именувани функционери. Овој член предвидуваше – пратеник, функционер и раководен работник кој поднел оставка или е разрешен од должноста пред истекот на времето за кое е избран, именуван или назначен да ги има сите права како останатите функционери меѓу другото и право на надоместокот популарно наречен „апанажа”.

ЦИВИЛ пред 4 години, на 17 мај 2019 година, започна иницијативата „Крај за расипништвото“, со поднесени барања до Собранието за укинување на привилегиите на функционерите која сè уште е актуелна и ќе остане додека не се укинат сите повластици, почнувајќи од поранешните претседатели, завршувајќи со раководителите на државните агенции и други институции, односно да се редуцираат до ниво што е прифатливо за една земја која се декларира како социјална држава, според Уставот.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Дескоска: Многу врева за ништо

Укината апанажа или „многу врева за ништо“?! Не сакам да бидам „расипувач на забави“, но сметам дека треба да си го поставиме прашањето дали ефектот на вчерашната одлука на Уставниот суд ќе биде укинување на апанажата во случаи на разрешување и оставка, напиша на Фејсбук професорката по уставно право и поранешна министерка за правда, Рената Дескоска.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЛЕБ И денеска на полиците во маркетите нема леб,  пекарите  остануваат на одлуката од понеделникот дека производство и испорака нема да има.

Празни полици за леб во скопски маркет фотографија: Ариан Мехмети

ЕКОНОМИЈА Новите методологии за утврдување на минималната плата и пензиите резултираа со раст на примањата на граѓаните за месец март. Постојано расте и просечната плата.

БОМБИ Закани за поставени бомби  утрово пристигнале на електронските адреси на 18 училишта во Скопје, каде во тек се антитерористички проверки, соопшти МВР.

СРЕДБА Охрид ќе биде градот каде што ќе се одржи средбата меѓу Косово и Србија, која е најавено дека ќе се одржи на 18 март.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Приведен Русин поради антивоени цртежи на неговата 12-годишна ќерка

Русинот Алексеј Москаљов е приведен поради давање антивоени изјави, а неговата 12-годишна ќерка привремено е ставена под државна грижа, откако семејството се соочило со притисок од властите поради цртежите што девојчето ги направило на училиште на кои е прикажана Русија како бомбардира семејство во Украина, пренесува Гардијан.

АНАЛИЗА – Војската на Путин заглавена во кал како онаа на Хитлер во 1941 година

Калливата сезона – позната во Русија како „распуница“, а понекогаш и прекар „Генерал Кал“ – го погоди напредувањето на Хитлеровите Панцири кон Москва во 1941 година, и често е заслужна за спасувањето на советската престолнина од германската окупација.

Осумдесетина години подоцна, путиновата окупаторска армија ја дочека истото што и Хитлер при неговиот обид за освојување на Советскиот сојуз во втората светска војна.

АЛ-ПРЕС

Опозицијата во албанското собрание денеска ќе има маратонска седница на која бараат физичко присуство на премиерот Рама, за да дебатираат за аферата „Мекгонигал“, а лидерот на демократите Сали Бериша најави дека протестите ќе продолжат на 3 март и покрај судската одлука. Според  американскиот амбасадор во Косово, Ховениер, признавањето на Косово  е еден од условите за членство на Србија во ЕУ.

Ова е дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, од главните теми во албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

СЛОБОДНА ЗОНА

Јане Ѓорѓиоски

„Медиумските здруженија во државава ни, чија задача е нели да ја бранат слободата на известување, слободата на говор и разоткривање на вистината, се пикнаа во дупка и еве веќе пет дена глава не покажуваат. Никаква реакција ни од славниот ЗНМ, ни од борбениот ССНМ.“, извадок од колумната „Кој ќе го измие срамот на новинарските здруженија по не-реакцијата на атаците од Мицкоски“, од Јане Ѓорѓиоски.

 

Д. Тахири

Tags: апанажабомбиДневниклебминимална платапекарипензијаплатапривилегииУкраинаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ