• Latest

Да живее СЈО! Одамна заборавивме што значи компетентен кадар!

January 3, 2017
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Да живее СЈО! Одамна заборавивме што значи компетентен кадар!

January 3, 2017 11:46
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

 

Сé уште ниеден вистински криминалец од политиката не е во затвор… Уште сме сиромаси… Воздухот е сé уште отров.. Како преживеав, ме прашувате? Не знам. Навистина, не знам…

ovana-tozia
Пишува: Јована Тозија

Пред некој ден, правев ретроспектива за сé што ми се случи во 2016-та, и со еден збор, можам само да сумирам – многу е! Да не навлегувам во приватниот дел и она што ми се случуваше на професионално поле, но и без сето тоа, она што ми се случуваше од аспект на општественото битисување – многу е!

Па, да видиме. Ја започнавме годината како една од најсиромашните европски држави со енормно загаден воздух – како и секоја година. Специјалното Јавно обвинителство ја објави првата истрага – „Титаник“. Почнаа редовните прес- конференции на СЈО. На сцена излегоа жени коишто – замислете, без да читаат од лист хартија, елоквентно, течно, професионално, литературно и граматички точно, изустуваа прости и сложени реченици со сите подмети, предмети и прироци на точните места. Цела држава се фасцинираше од способноста на овие жени, како елоквентно и течно зборуваат на тема во која што се експерти. Ни текна дека одамна сме заборавиле што значи соодветен и компетентен кадар. Па, се нижеа прес-конференциите. Јавноста, од недела во недела, не престануваше да биде шокирана.

И кога оптимизмот беше најголем и почна да се враќа меѓу луѓето доза надеж дека оние три жени, со сиот тим зад себе, ќе почнат полека да спроведуваат правда во оваа држава, излезе човекот кого нецели 8 години, јавноста го повикуваше да гукне, а тој, целото тоа време, намигнуваше!? Излезе еднаш, прозборе и ја крена државата. Ја фрли во пламен. Налет, што ни требаше да го прозиваме да зборува, убаво си молчеше човекот. Be careful what you wish for next time!

Следеше уште една пролет, во којашто ги искинав патиките од протестирање, уште една пролет помината во бес, уште една пролет на апсења и прогони, уште една пролет во која што со другарите, пријателите и познаниците, наместо на гости, во кафулиња, во парк или во дискотеки, се гледав на улица, за време на протести. Уште една пролет, помината со водени топови вперени кон нас – „хулиганите“.

Попушти на крај она растение од претседател, ги повлече аболициите, па се смири малку ситуацијата. Па, фатија летни одмори, кај нас, криза-некриза, до Грција мора да се „скокне“, во море мора сé да се искапе, политичката битка секогаш, може да почека…

И на крајот од годината имавме избори во кој што сите, освен Левица, славеа победа.

Сé уште ниеден криминалец од политиката не е во затвор.

Уште сме сиромаси.

Воздухот е сé уште отров.

Како преживеав, ме прашувате?

Не знам. Навистина, не знам.

Веројатно преживеав затоа што збудалев. „Овде мораш бити луд, да би остао нормалан“…

 

(Авторката е граѓанска активистка)

Tags: експертизгаден воздухкриминалпретседателретроспективасиромаштијаСЈО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ