• Latest

Дали македонската химна е маска за нереализираните проекти на Муцунски?

October 3, 2023

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дали македонската химна е маска за нереализираните проекти на Муцунски?

October 3, 2023 22:19
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

СОЊА ТАНЕСКА

Наставата во основните училиштa во Аеродром отсега секој понеделник ќе започнува со интонирање на македонската химна, затоа што почитта и љубовта кон татковината се градат од најмала возраст, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски.

Со оглед на тоа дека во оваа општина се уште има училишта кои работат во три смени, а не се обезбедени ниту учебници во училиштата, градинките едвај згрижуваат доволно деца, Муцунски ги воскреснува старите „реформски идеи“ од времето на поранешниот премиер Никола Груевски.

За потсетување химната беше интонирана еднаш неделно во 2014 година, за во 2015 година да се интонира секојдневно, кога градоначалник на општината беше Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ, а министер за образование Панче Кралев. По одреден период химната се интонираше само во понеделник, но и тоа престана и повторна иницијатива имаше во 2017 година

Тогаш, општината информираше дека за интонирањето на химната спроведле анкета која покажала дека речиси половина од анкетираните позитивно се изјасниле за тоа, но оние кои не се согласуваат барале редуцирање на праксата за секојдневно интонирање на химната.

 

 

Муцунски објави и видео на кое се гледа како група ученици стоечки под државното знаме ја слушаат државната химна.

Учениците построени, во униформи, кои пред неколку дена им беа поделени, исто така од општината, на 2 октомври, застанаа под македонското знаме во дворот и мирно ја слушаа македонската химна. Дел од учениците мирно стоеја во училниците.

„Станува збор за иницијатива преку која изразуваме искрена почит кон татковината и со која имаме цел да го подигнеме националното чувство и љубовта на дечињата кон Македонија, но и ќе ги охрабриме да учат за македонската култура и традиција“, напиша градоначалникот на Општина Аердром Муцунски.

Што се случува со капиталните проекти?

Иако наследи полна општинска каса, за половина мандат Тимчо Муцунски не успеа да започне ниту една капитална инвестиција. Тој вети четири нови градинки во населбите Мичурин, Острово, Лисиче и Долоно Лисиче, од кои најмалку една требаше да биде пуштена во употреба до крајот на 2022 година, останатите до крајот 2023 година. Половина мандат помина, нова градинка во Аеродром нема.

-Во првата половина од мандатот Муцунски вети и проширување на објектите на градинките Сонце и Лале, како и реконструкција на градинката во населба Лисиче. Ништо и од овие ветувања. Никако да му се израдуваме и на паркот Радост на 6.000 метри квадратни во Реонски центар кај станицата за технички преглед. Требаше да биде готов уште лани. Мицкоски присуствуваше на почетокот на активностите за подигнување на паркот. Во првата половина од мандатот на Муцунски, Општина Аеродром требаше да добие и нова гимназија, нова општинска зграда, нов кружен тек меѓу Мичурин и Стар Аеродром, нов мулрифункционален центар со простории за младински центар, нов спортски центар „Пирин“ во населба Лисиче, нова спортска сала во Долно Лисиче, Музеј на МЗТ, кино сала и театарска сцена во Ново Лисиче. Ништо од ова не е реализирано и нема да биде реализирано ни до крајот на мандатот , потврди координаторот на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на општина Аеродром.

Исто така не е формиран ниту ветениот енергетски фонд за реконструкција на фасадите на зградите во Аеродром, планиран за 2022 година. Еднократната помош за новороденче требаше да биде зголемена од 8.000 на 20.000 денари до крајот на 2022 година.

Исто така не се промовирани ниту од стипендиите за млади таленти во износ од 30.000 денари. Ништо и од спортските субвенции за млади во износ од 600 денари. До крајот на 2022 година требаше да бидат завршени и сите постапки за легализација.

Градска.мк испрати прашања до општина Аеродром околу висината на капиталните инвестиции, околу зелената обврзница и дали за одлуката за интонирање на химната се консултирани родителите.

Нема информации за зелената обврзница?

Засега нема имформации од Општина Аеродром што се случува со зелената обврзница со која општината се задолжуваво висина од 330 милиони денари (околу 5,4 милиони евра) за реализација на капитални проекти во општината. Одлуката за задолжување беше изгласана на седница во јануари со 15 гласа ‘за‘ и 12 ‘против‘. Задолжувањето, како што стои во одлуката, ќе се врши преку издавање обврзици.

Против одлуката за задолжување гласаа советнците од СДСМ и Левица. Советникот од СДСМ Милутин Ристевски вели дека со одлуката ниту еден проблем не се решава трајно и задолжувањето Муцунски не го ветил во неговата изборна програма.

„Не се знае колкави камати ќе се плаќаат на овој кредит. Од одлуката се гледа дека од овие средства се планирани две и пол градинки, а не 4 како што ветуваше пред изборите. Планирани се 2 доградби и 0 нови училишта. Ниту еден проблем не се решава трајно. Ниту недостатокот на градинки, ниту недостатокот на училишта, ниту недостатокот на паркинзи и улици. Наместо развој и решавање на проблемите, аеродромци добиваат нов проблем, долг од 5,4 милиони евра кој ќе го враќаат во следните 10 години. Ова задолжување Муцунски не го вети во својата градоначалничка програма“, рече Ристевски.

Извор: Градска.мк
Tags: Муцинскихимна
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ