• Latest

Дали радикалната десница ги присвојува еколошките движења?

February 8, 2023
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Речиси на полноќ, МЗ ќе им подели 2.000 маски N95 на жителите на Трубарево

September 13, 2025
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025

Донација од 800 илјади евра од српско потекло за гимназија, црква или џамија во Тетово – обвинувања за таен договор и деманти

September 13, 2025
Фото: Скриншот од видеото на Марио Бојиќ, Х

Во Србија денеска паралелни собири – влада против „блокадери“ и работнички синдикати против влада

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Дали радикалната десница ги присвојува еколошките движења?

February 8, 2023 19:40
in АНАЛИЗИ, ЗЕЛЕНИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

БАЛША ЛУБАРДА

„Сигурни сме дека климатските промени се случуваат – најпосле, тоа се гледа. Меѓутоа, проблемот е во тоа што овие проблеми не сме ги предизвикале ниту вие ниту јас, ниту мојата партија, па ниту мојата држава. За мене е најважно да направиме локални и самоодржливи заедници во кои производството и економијата ќе бидат во чекор со природата“.

Со Алан Лучани разговарав во неговиот одборнички клуб, во собранието на Падова, универзитетски град на северот од Италија. Спортски облечен, со сако помалку вештачки задолжено за сериозност, овој политичар не остава впечаток на елитист. Веќе има десетина години искуство во политиката, па во текот на разговорот го поздравуваат повеќе избраници од разни партии. Искуството му донело и меѓународни контакти, иако признава дека многу повеќе ужива во работата „на терен“: учество во локални еколошки иницијативи.

Сето тоа звучи како промотивна приказна за некој локален политичар – освен што Алан е член на радикално десната Лега, позната по својот лидер и поранешен министер за внатрешни работи на Италија, Матео Салвини.

Интересот на радикалната десница за климатските промени и заштитата на животната средина, кој се согледува и во еколошкиот активизам на Алан, и не е некаква новост. Одамна е познато дека радикалната десница стана дел од политичкиот мејнстрим и дека ставовите кои ѝ се блиски, како желбата за водач со цврста рака, етнонационализмот, антиимигрантските ставови и отфрлањето на модерната и глобализацијата се дел од политичкиот мејнстрим шиурм светот.

Лега на Салвини е дел од власта во моментов, а тоа беше и во минатото: како унгарски Фидес, австриската Слободарска партија, Шведските демократи но и индиската БЈП, на чело со премиерот Нарендра Моди. Фактот дека радикалната десница изминатава деценија успеа да се дограба до лостовите на власта ширум светот, отвори пат и за проширување на сферата на влијание, од традиционалните теми како миграцијата, корупцијата и културата до новите, меѓу кои е и заштитата на животната средина.

Едно неодамнешно истражување покажа дека четири од пет радикално десни организации во Европа имаат некаков вид еколошка програма, декларација или манифест. Истовремено, негирањето на постоењето на климатските промени по што беа познати овие партии, ѝ отстапи место на „меката“ скепса. Ваквиот „да, но“ скептицизам се согледува во начелното прифаќање на климатските промени но со тенденција острицата на радикалните и скапите еколошки политики за општеството максимално да се ублажи со „рационални“ но недоволни решенија за навремена зелена транзиција.

Можеби врската на радикалната десница и екологизмот делува ново или вештачки предизвикана од „стратешки“ мотиви, како привлекување на помладите гласачи на кои заштитата на планетата (но и нацијата) им е блиска до срцето. Меѓутоа, самите почетоци на еколошката мисла се поврзани со политичката десница и романтизмот: Ернст Хенкел, германски природник и творец на поимот „екологија“, беше националист. Во таквиот романтичарски занес и антимодерната тенденција за прочистување на нацијата затруена од неслогата но и индустријализацијата, следбениците на Хенкел ширум светот мечтаеја за општество со јасна хиерархија, но и општество во кое секој припадник на нацијата би живеел во склад со апстрактните „закони на природата“. До денешен ден, позициите на ваквиот ултрадесен екологизам не се променети суштински.

Токму заради оваа историска врска често не е лесно да се разликуваат овие позиции од центристичките или левоориентираните зелени. Заштитата на природата сè уште се претставува како заштита на нацијата, обврска кон предците но и идните поколенија: меѓугенерациската одговорност и етатистичките обланди им се слатки и на оние кои не ѝ припаѓаат на десницата, па вакви изјави можат да се најдат ширум идеолошкиот спектар.

Во заштитата на природата во десниот регистар забележливи се и популистички сентименти. Примерите се бројни: од Герт Вилдерс во Холандија до Виктор Орбан во Унгарија, каде лидерите на радикалната десница на своите граѓани (гласачи) им ветуваат дека вредните луѓе нема да ја платат цената на енергетската транзиција. Иако екопопулистичките тенденции кои се карактеристични за масовните еколошки протести тежнеат кон обединување на граѓаните со мошне разновидни политички ставови и интереси, повикување на „луѓето“ и „народот“ остава доволно простор и за десна интерпретација.

Популизмот во екологијата на десницата е забележлив и во мачоистичките изјави – како оние на полскиот премиер од десничарската партија Слобода и Правда, Матеуш Моравиецки, кој вели дека Полска е „шампион“ во борбата против климатските промени, иако неговата партија до 2014 година го негираше нивното постоење.

Некогаш намерите на десницата (радикалната) на еколошкиот терен се согледуваат во колку што е можно побрза економска и технолошка модернизација, која сама по себе ќе го реши проблемот со загадувањето на повеќе фронтови. Од друга страна, верата во еколошките месии, кои истовремено се и магнати, како Илон Маск, Ричард Бренсон, Џеф Безос или Бил Гејтс (чудно, сите бели мажи), не е само карактеристика на десницата.

Бришењето на границите помеѓу десниот и другите екологизми особено ги погодуваат таканаречените „меки“ еколошки теми кои му припаѓаат на еколошкиот корпус но само индиректно се однесуваат на заштитата на животната средина. Прегратките на Марин Ле Пен, лидерката на францускиот „Национален собир“, со својата мачка ги преплавија социјалните мрежи, како и инсистирањето на Салвини на поостра казнена политика во случајот со насилството над животните.

Слично е и со десничарската преференција за малите земјоделски бизниси како столб на семејството: бидејќи овие бизниси се поволни за агроеколошката практика, како што е органското производство, радикалната десница често знаеше да соработува со зелените партии на еколошки теми. Иако оваа соработка често поминуваше „под радарот“ на јавноста, таканаречениот „санитарен кордон“ кој би ја изолирал радикалната десница во парламентарниот живот е тешко одржлив при формулација на еколошките политики.

Колкаво е влијанието на десницата?

Токму во тоа е и „финтата“. Очекувањето дека радикалните десничари, а особено еколозите ќе носат униформи и свастики може да доведе до два, подеднакво опасни исходи.

Еден е ублажување на штетноста на радикалната десница која ќе доведе до нормализација на овие аргументи и во еколошкиот дискурс и до колонизација на самите еколошки движења од страна на авторитарните националисти.

Другиот исход е спротивен, односно создавање колективна параноја и „лов на вештерки“ кој лесно може да го уништи еколошкото движење, особено во земјите од Балканот во кои тој е во развој. Најпосле, оваа теза ги прикажува еколозите како прикриени фашисти кои ќе ја искористат оваа можност да ги испратат во концентрациони логори оние кои не чистат ѓубре во недела или користат пластични сламки. Во малку поблаг облик означува тревога против еколошкиот национализам кој, за некое чудо, ќе ја преземе платформата на зелените.

Наспроти хистеријата, во предизвиканата потреба на политичарите, истражувачите и НВО секторот за медиумско внимание, односно привлекување финансиски средства за изведување проекти кои ќе се занимаваат со фашистичкиот бауч, радикалната десница во светот е во фаза на стагнација или дури повлекување. Тоа секако влијае и на еколошката димензија која, иако препознаена, никогаш не била во фокусот на радикалната десница, ниту честа причина заради која гласачите би се определиле за вакви партии.

Постоењето на радикално десничарски екологизам и неговата повремена блискост со позициите на еколозите е потврда на фактот дека екологијата не е „природно“ лева колку што не е ни десна. Заштитата на животната средина претставува комплексен збир на ставови и политики кои се отворени за различни идеолошки интерпретации, меѓу другото и од либертаријанците, социјалистите, анархистите, конзервативците но и – радикалната десница.

Тоа само значи дека во еколошката политика, барем од идеолошки аспект, нема ништо априорно и однапред јасно: еколошкото движење ќе биде толку здраво и успешно колку што темелно ќе се преиспитува во контекст на новите предизвици. Еден од тие предизвици е и учеството на десницата во креирањето на еколошките политики.

Превод: Алек Кузмановски / Окно.мк
Извор: KLIMA101.RS

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Австријаанализазелена транзицијаИталијапопулизамрадикална десницаУнгаријаФидес
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ